– Кога имате среќа во оваа професија да бидете одбрани за работа во неа, тоа значи дека имате нешто што им треба“, рече во едно интервју за Слободен печат, нашиот познат модел Катарина Ивановска.
– Не мислам дека само убавината беше пресудна за нив, она што сите го забележаа е вродениот талент за оваа работа и мојот професионален пристап.
Имав среќа да бидам во тој момент она што на високата мода ѝ треба- кажала Ивановска за својата интернационална кариера.
– Модната индустрија е мултибилионски бизнис и природно е фотомоделите и манекенките што го жртвуваат најкревкиот дел од својата младост да бидат платени добро.
Но, притоа мора да знаете дека со тие хонорари самите си ги плаќате трошоците за кирии, авионски карти и слично, бидејќи ова е бизнис во кој од вас се бара да живеете во некој моден светски центар. За мене тоа беше Њујорк.
-Работам со намален интензитет, бидејќи основав семејство, прифаќам само ангажмани што се добро платени и каде што точно се бара да бидам јас модел.
Но, снимам и во Македонија со модни креатори чија работа ја оценувам како врвна, а нивниот талент светски. Модниот бизнис одамна не е во својата декадентна гламурозна форма.
Тоа е сериозен бизнис, кој не толерира декаденција со која ќе се наруши одговорноста на манекенот, а особено не угледот на агенцијата.
Живееме во свет каде што нема мистика околу некоја професија и денес, со што сѐ се соочува еден модел, се разговара јавно, а агенциите и модниот печат стимулираат таков дијалог.
Јас имав среќа да работам со врвни модни фотографи, чиј талент оставил безвременски печат. Восхитувачки е да се биде дел од една модна фантазија пренесена низ модна фотографија.
Не знам, можеби поради мојот став, кон мене никој не си дозволил да биде непристоен. Јас не делувам ниту наивно ниту кревко за да може некој да си дозволи да ми понуди непристоен предлог.
Многу сум среќна што се зборува за тоа и што јавно се посочуваат аномалиите поврзани со злоупотребата на моќта од која било професија. Тоа ќе ги направи овие професии многу побезбедни“, изјавила Катарина.
– Манекенството е животна определба ако вашиот потенцијал е огромен. Денес сведочиме за многу вработени манекенки и над педесеттата година.
Она што следува потоа е да уживам во плодовите од мојата работа и да создадам некаква активност што ќе ме исполнува. Искрено, филантропските и хуманитарните иницијативи за мене се најубавиот дел од мојата јавна појава кај нас.
Јас имам многу среќа и сакам да бидам ангажирана нашата земја да биде среќно, здраво и просперитетно општество“, изјавила таа.
За изгледот на Катарина нема што да се коментира, а таа изгледа топ во секое време. Сепак, на последните слики кои ги објави на Инста, се гледа дека нашата убава манекенка доста е ослабена.
За Катарина се пишува дека не е веќе во љубов во поранешниот кошаркар, сега претседател на КФМ, Перо Антиќ, а на сликите кои се на Инста, таа е во посета на винарија и сликана е сама.
Во описот на овие слики, Катарина вели дека нема ништо подобро од вкусот на виното, а на сликите се гледа дека е доста ослабена- тоест стопена.