Naslovna Zivot Само 5 збора на Марина Туцаковиќ ѝ донесоа 100.000 евра

Само 5 збора на Марина Туцаковиќ ѝ донесоа 100.000 евра

Познатата хитмејкерка Марина Туцаковиќ почина на 19 септември 2021 година по долго и тешко боледување, а нејзиниот син Милан Лаќа Радуловиќ неодамна го загуби животот кога беше пронајден мртов на улиците на Тел Авив.

По информацијата која се појави во српските медиуми дека се упокоил текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа, син на упкоената Марина Туцаковиќ, се огласи неговиот татко Александар Радуловиќ Фута.

Тој за „Телеграф“ изјави дека неговиот син бил пријавен за исчезнат на 12 декември минатата година, а бил пронајден на 19-ти на улица во Израел. Како што изјави, се уште не знае што се случило со неговиот син и во каква состојба бил.

Фута во бракот со Марина Туцаковиќ имаше два сина Милан и Милош. Неговиот живот го одбележаа две трагедии, а сега и трета, по загубата на едниот син, сопругата, па потоа другиот син, по што тој остана сам.

Во 2021 година почина Марина, а во 2008 година и нејзиниот син Милош. Милош Радуловиќ се упокои на 1 декември 2008 година во Белград.

Неговата мајка Марина го пронашла во семејната куќа во центарот на градот, а по три дена бил испратен на Новите гробишта. Марина до скоро година не зборуваше за најболниот ден во животот.

– Влегов во неговата соба и го најдов тоа што го најдов. Милош тогаш имаше 24 години. Беше на први декември. Секогаш се плашев дека нешто ќе му се случи.

Вашето дете оди на екскурзија и се плашите како ќе стигне таму. Секогаш имаш страв за луѓето што ги сакаш – рекла еднаш Марина.

– Интересно, таа вечер… Беше толку весел, толку се смеевме, не можев навистина да имам лошо чувство.

Колку што имав претходно од стравови… И токму тоа се случи, на што секако не се надевав тогаш.

Не го очекував тоа. Тој ден требаше да одам како жири во една емисија. Тоа беше момент на лудило и присебност – додала Марина.

Речиси и да нема музичка ѕвезда за која Марина Туцаковиќ не напишала песна. Во регионот на поранешна Југославија, оваа жена беше повеќе од текстописец.

Марина создаде многу ѕвезди, а на некои им беше одличен пријател.

Со оглед на тоа што напишала илјадници песни, многумина се запрашаа кој стих и донесе најмногу пари. Оваа информација со медиумите ја сподели познатта пејачка Неда Украден во емисијата „Гламур“.

Станува збор за песната „Зора је“, а како што наведува Неда, Марина на оваа песна додала само еден стих и со тоа заработила повеќе од 100.000 евра.

– Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и двајцата неколку пати се расправавме за самиот наслов на песната. Прво го нарековме ‘Јоване, се раздени’, потоа ‘Милане, се раздени’.

Последната и конечна верзија е „Зора је“. На крајот и се јавив на Марина Туцаковиќ, која напиша само еден ред, и тоа:

„Суза је из ока канула“. Тој стих и донесе повеќе од 100 илјади евра, изјави еднаш Неда во емисијата. Оваа информација ја изненади јавноста.