Марија Шерифовиќ е долги години дел од жирито на најпопуларното музичко шоу „Ѕведите на Гранд“.
Марија како многу спомната личност која нема влак-на на јазик е една од најзабавните личности во Гранд семејството.
Таа пред да заврши натпреварпт откри кого би сакала да види во финалето на шоуто, и како можен победник.
Шерифовиќ тврди дека нема фаворизирање, но дека нема проблем со тоа да се фалат оние за кои смета дека го заслужуваат тоа.
– Не можам да кажам дека има фаворизирање, но во исто време немам проблем да фалам некој во јавноста, кој беше маестрален во мојата група.
Во деловните води, социјалните мрежи земаат се поголем замав, а најдобро го знаат оние чија кариера се базира на популарни платформи. Заработката од прегледите на YouTube е неверојатна и на месечна и на годишна основа.
Според проценките на страницата „Social blade“, славниот јутјубер од Србија Бака Прасе има најголема заработка во регионот. Имено, ако земеме предвид дека популарните јутубери добиваат 0,90 американски долари на 1.000 прегледи, тогаш нивната заработка е неверојатна.
Можноста за собирање пари постои и преку реклами и рекламни, така што нивната заработка не е само од прегледите на YouTube.
Пејачката Марија Шерифовиќ за време на пандемијата одлучи да ѝ се посвети на својата кариера на ЈуТјуб. Таа има над 400.000 следбеници на оваа популарна социјална мрежа, додека просечното гледање на нејзиното видео е 450.000 прегледи.
Така, Марија заработува 12.150 евра на неделно ниво, додека годишната цифра е 145.000.
– Не би сакала така лесно да се откажам од мојата професија, но и моите снимки да бидат сфатени толку сериозно.
Досега многу се забавувам и верувам дека е важно да остане така за да можам да продолжам со исто темпо.
Реакциите се исто така добри, за што особено ми е драго. Јас не сум во контакт со Јутјуберите и сигурно не сум нивна конкуренција – рече Шерифовиќ во една прилика за „Блиц“.
Марија Шерифовиќ во костим за капење не е слика што често ја гледаме, па видеото привлече големо внимание.
Марија Шерифовиќ често со својата публика споделува моменти од својот живот и секојдневието.
Така беше и овој пат, кога Шерифовиќ ги шокираше обожавателите бидејќи беше распишана потерница за нејзино апсење поради лошо возење.
Како што истакна, пејачката била збунета бидејќи тврди дека е совесен и одговорен возач, како и дека не направила никакви прекршоци.
-Од МУП добив информација дека од одреден суд стигнала потерница за мое апсење. Сакам веднаш да истакнам дека сум совесен и одговорен возач.
Освен што понекогаш, точно е, не ставам појас кога снимам блогови затоа што ми е тешко да го држам воланот и менувачот и телефонот, а тоа се две минути и потоа се врзувам.
Второ, немам никакви прекршоци, никогаш не сум правела проблеми, колку стареам, поспоро возам, па дури и ми свират и сега ќе видам дали ќе одам во затвор или не – објасни Марија, а потоа проговори откако излезе од судот и откри за што се работи.
– Многу работа за ништо, но многу пријатно искуство, не одам често на судови. Прекрасни дами, убаво ги поминавме тие 10, 15 минути – задоволно истакна пејачката.
На крајот се поминало добро, а проблемот бил што не го добила повикот, бидејќи во тој момент не била на нејзината адреса.