Naslovna Zivot Мајка со две болни деца побарала само едно мало нешто од Кристина...

Мајка со две болни деца побарала само едно мало нешто од Кристина Арнаудова и „Проект среќа“- оваа порака ѝ го скршила срцето

Пејачката и автор Кристина Арнаудова веќе осум години гордо стои зад здружението „Проект среќа“, кое интензивно им помага на децата кои живеат во социјален ризик да имаат посреќно детство.

Кристина за Женски магазин сподели дека нејзината мајка, за која често изјавува дека ѝ е најголемиот херој ја родила на 19 години.

И покрај инсистирањето на семејството да биде дадена во дом за деца, Арнаудова вели дека љубовта и упорноста на мајка ѝ победила, и таа растела среќно крај неа.

Денес, освен пеењето, денот на Кристина која и самата е мајка на Матео и на Максим, во најголемиот дел е посветен на среќата на децата.

-Сите проекти на кои работиме се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење на децата во социјален ризик, и нештата кои во иднина ќе ги направат еднакви, квалитетни и конкурентни во општествово.

Голем дел од тие деца ги немаат истите услуви за образвание , неформално образование и развој и лоцирање на таленти како нивните врсници.

Токму тоа е она што недостига за да во иднина имаме една нова квалитетна генерација на нови луѓе кои ќе бидат носители на општеството.

Со моменталната ситуација, кога огромен број на деца живеат во тешки материјални услови, потребата на вакви проекти е неопходна.

Најзадоволна сум од нашиот развој, од тоа што го лоциравме нашиот фокус, а тоа се децата, што сме тука за нив, и што направивме од „Проект Среќа“ едно големо семејство каде тие се секогаш добредојдени.

Среќна сум што не чувтсвуваат за семејство и што знаат дека можат да ни кажат сѐ, и знаат дека сме секогаш тука за нив.

Разочарувањата во оваа работа се секојдневие, па се трудам да не се фокусирам на нив. Од незаинтересираноста на најголемиот број компании да се вклучат, па сѐ до игнорирањето од институциите кое ни се случува секојдневно.

Но, како што кажав, време за кукање немаме“, има изјавено Арнаудова во ова интервју.

Проект среќа на својт Фејсбук профил објави еден срцепарателен статус, за една мајка на болни деца која не барала голема помош од нив, а станува збор за само еден чадор.

-Поздрав до вас, јас сум мајка на дев дечиња со посебни потреби, дечиња што зе во количка и не знаат да комуницираат. Помалото синче многу сака надвор да седи пред портата и гледа кој како поминува по улицата.

На сите им мафта со рачето, но сонцето многу брзо го фаќа. Имам потреба од еден голем чадор, како тие што се од Скоппско што ги рекламираат, ама не можам да обезбедам.

Ако може да ми помогнете за синчето, да може повеќе време да си седи и радува на тие што поминуваат, би ви била многу благодарна“, стои во пораката на мајката.

Оваа порака ги трогнала од здружението „Проект среќа“, па на својата Фејсбук страница ја споделиле оваа објава и ја напишале следнава порака:

-Некои не се задоволни дури и кога ќе им дадеш се, а некои се среќни и само кога би имале чадор…Чадор за две дечиња, кои единствено што можат е да седат покрај портата и да гледаат кога луѓето поминуваат.

Чадор, за да не ги гори сонцето и да не ги врне дожд…Ете оваа мајка сака само тоа. Чадор голем, за нејзините две сонца.

Оваа порака буквално ни го скрши срцето од емоции, колку малку треба за да направиме некого среќен. А ни тоа малку го немаат…

Ајде да ги израдуваме овие две деца, со чадор и со подароци за Велигден! Кој сака, може да ни напише порака, а ние ќе ви дадеме контакт“, напишале од „Проект среќа“, за да по некое време објават убава вест:

Апдејт: Чадор најден!!!!! Веднаш се пријавија неколку донатори! За останато се уште можете да донирате за дечињата и родителите“.