Иако стана главен актер во филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење“, за кој беше прогласен за еден од петте најдобри актери во Европа, животот на легендарниот Давор Дујмовиќ не беше бајка.
Го споредувале со Дастин Хофман, но во раните деведесетти стапил во контакт со хероин и од тогаш се тргнало надолу.
Филмот „Дом за бесе ње“ се смета за едно од најголемите достигнувања на екс југосоловенската кинематографија, а го одбележа и одличната глума на македонската актерка Синоличка Трпкова, која ја толкуваше улогата на Азра.
Синоличка Трпкова, македонска актерка, првпат и се претстави на југословенската публика во филмот „Среќна Нова 49“ во епизодна улога на само 21 година, напиша за нашата актерка najzena.rs
Следеа неколку улоги во серии и театар, а Синоличка ја доби првата голема шанса во филмот на Кустурица. Таа на екранот убедливо го прикажа ликот на невината и кротка Азра, иако, како што тогаш рече, Азра и направила многу неволји.
– Кустурица го привлече мојот физички изглед, му одговараше наивно и младешко лице, кое во основа немаше никаква врска со мене. За мене беше уште потешко да го играм.
Вистина, најдов некои сличности меѓу нас две, но наместо да ми помогнат, тие само ми одмогнаа, поради сцвените кои беа доста солободни – изјавила актерката во една прилика.
Денес, речиси 30 години откако беше раскажана љубовната приказна на Перхан и Азра, Синоличка признава дека од крајот на снимањето воопшто не се сретнала со режисерот Емир Кустурица.
Токму Давор Дујмовиќ најмногу е запаметен по улогата на Перхан во филмот „Дом за бесење“, но и по улогите во „Топ листа на надреалисти“.
Актерот е по потекло од Сараево, а улогата по која останува препознатлив ја доби сосема случајно.
Имено, додека бил во второ одделение во нижото музичко училиште, имал навика после часови да го посетува својот татко, кој тогаш работел на пазарот.
– Бевме сиромашни, немав инструмент, но мајка ми знаеше чистачката во училиштето која ми ја отклучуваше училницата навечер и јас вежбав таму – рекол Давор.
Во блискиот ресторан дошол и Емир Кустурица со помошникот, каде застанал на сок. Асистентот го прашал таткото на Давор дали може да учествува на аудицијата за филмот „Татко на службен пат“, на што тој се согласил.
За време на пробното снимање снимање се покажало дека младиот човек е совршен за улогата.
По филмот „Татко на службен пат“ реши да влезе на филмската академија, но бидејќи првиот пат не успеа да влезе, не се ни обиде повторно, туку и без диплома официјално беше меѓу петте најдобри актери во Европа.
Војната го затекна Давор во Сараево, од каде замина во Белград. Во тој период сними уште неколку филмови од кои најпознат е „Андерграунд“.
На само 30 години, на 31 мај 1999 година се самоуби со бесење во Ново Место.