Иако не сака да зборува за својата врска, водителката Сања Кужет проговори за својот сопруг Немања и откри дека нивната љубовна приказна започнала во средно училиште.
‒ Бевме во врска во раните дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно.
Доволен беше еден поглед за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – изјави убавата водителка која останува доследна на својата одлука да ја задржи приватноста во блискиот круг на семејството и пријателите.
‒ Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е наша заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе, кажала во една прилика водителката.
Неодамна, на една прослава на еден магазин во Србија се појавија голем број дами од забавната музика, но и популарни водителки и блогерки, а познатите дами блеснаа на црвениот тепих и го „украдоа“ целото внимание”.
Јелена Карлеуша како и обично ги претрка сите со нејзиниот стајлинг.
Таа прошета на црвениот тепих во стајлинг од 10.300 долари. Карлеуша избра долг, тесен, небесно син фустан од Баленсијага од 3.500 долари, чизми од истата марка од 2.190 долари, чанта од 1.550 долари. Дури и обетките беа од истата марка и чинеа 1.190 долари.
Покрај фолк дивата, внимание привлече и водителката Сања Кужет, со која Карлеуша соработуваше додека беше член на жирито на натпреварот „Ѕвезде Гранда“.
Згодната Сања блескаше во долг зелен фустан, додека исечокот на стомакот ја истакна беспрекорната линија на водителката.
Сања во една прилика даде интервју за Женски Магазин и раскажа интересни нешта за својот приватен и професионален живот:
-Полни 9 години работам за продукцијата „Гранд“. Саша Поповиќ ме забележа додека работев како новинар и водител на ТВ Пинк и ме ангажираше кога дојде моето вистинско време.
Изгледа дека коцките се поклопија и дека ги оправдавме обостраните очекувања.
Признавам, дека од претходната сезона си дадов себе за право понекогаш јавно да ги изразам симпатиите кон некој кандидат, но никако да фаворизирам победник.
Почувствував дека нема никој да загрозам со тоа. Годините и искуството одат во прилог на тоа.
– Апсолутна и единствена вистина е дека нема наместени препирки! И јас останувам зачудена кога атмосферата ќе се распламети во студиото или кога зборовите ќе бидат навистина остри.
Си помислувам во себе, ќе се смират ли некогаш“, рекла Сања за кавгите во „Sвезде Гранда“ од страна на жирито, и за децата и за семејството додала:
Последните неколку години, откако го имам и помладиот син од 4 години, за новогодишните празници сум во кругот на најблиското семејство (со својата сестра и нејзиното семејство).
Од мината година за уркасување на нашиот стан ангажираме професионалци за декорирање, за да ги исполнат сите наши желби и идеи. Во тоа со задоволство учествуваме сите заедно, а особено синовите“.
Сања Кужет редовно ги воодушевува гледачите со своите стајлинзи во „Ѕвезда Гранда“, а во едно од последните емитувања мавташе воздишки и кај мажите и кај жените.
Згодната водителка реши да го промени имиџот и во оваа прилика беше облечена во кожа од глава до пети.
Кожен кафеав топ и кожни панталони во иста нијанса беа нејзиниот избор, а нејзиното витко тело дојде до израз во оваа комбинација.
Многумина коментираа дека водителката изгледа како нежен моторџија, и дека ова е едно од нејзините подобри изданија досега.
– Нешто сосема поинакво – напиша Сања во описот на видеото од снимањето кое ги воодушеви нејзините следбеници.
„Убавица“, „Како топло чоколадо“, „Тоа е тоа“, се само дел од коментарите за стајлингот на Сања.