Naslovna Makedonija Многумина ова не го знаеја – Никола објасни што се случило на...

Многумина ова не го знаеја – Никола објасни што се случило на денешен ден, празникот Цветници

Статус на Никола Груевски: Честит Велигден на сите кои денес го прославуваат најрадосниот ден во христијанството – Велигден!

Нека радоста за христовото воскреснување ве зарази со добрина! Нека донесе мир, здравје и благосостојба.

Во православниот свет денес се прославува празникот Цветници како почеток на страдалната недела, или т.н. страсна недела во смисла на страдање, трпение и болка, некаде се вели и страшна седмица, најдраматичната и најтешка недела во историјата на човештвото, празник кој секогаш е една недела пред Велигден.

Името на празникот Цветници (на англиски Palm Sunday), потекнува од палмовите гранки, поточно гранка од цвет на палма, кои ги мавтала толпата и ги положувала, ги постилала на патот на кој требало да помине Исус, за да го поздрават и да му оддадат чест на Исус кога влегувал во градот.

На влезот во Светата Земја, постилајки го патот со палмините гранки, народот кој го славел неговото доаѓање го пречекал и пеејќи дел од Псалм : Блажен е Оној што доаѓа во името на Господ.

Во многу земји на древниот Блиски Исток, било вообичаено на некој начин да се покрива патот на некој што се смета за достоен за највисока чест.

Палмовата гранка според грчко-римслата култура во римското царство во тоа време била симбол на триумф и победа.
Подоцна низ пределите каде христијанството е раширено, каде временските услови не овозможуваат опстанок на палмата, цветот од палмата во одбележувањата на празникот бил заменет со гранка од цвет од други растенија, меѓу кои и маслинката, врбата и други.

Овој историски настан ги одбележува последните земски деновиве на Исус Христос, по кој доаѓаат тешките денови како Велики, Понеделник, Велики Вторник, Велика Среда, Велики Четврток, Велики Петок, Велика сабота, Воскресението и недела-Великден.

Цветници е денот кога Исус во екот на својата популарност, дополнително зголемена од настанот со враќањето во живот на неговиот пријател Лазар, влегува во Ерусалим.

Исус разбрал дека Лазар е многу болен и тргнал да му помогне но дошол четири дена по неговата смрт и погреб. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре.

Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога Бог ќе ти даде”.

Според евангелието по Јован, Исус го кренал од мртвите веќе четири дена упокоениот и погребан негов пријател Лазар од Византија (Лазарева сабота).

Доаѓајќи пред неговиот гроб Исус ги кажал зборовите: “Излези Лазаре надвор”. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето.

На денот недела пред Велигден – Цветници, Исус триумфално влегол во Ерусалим качен на магаре што според источната традиција било симбол на мир, наспроти коњот кој бил воинствен симбол, симбол на крал кој влегува после победа во војна.

Христос во придружба на своите ученици се движел од Византија за Ерусалим. Веста за доаѓањето на Спасителот и за воскреснувањето на Лазар, одкако веќе четири дена бил упокоен, брзо се проширила, па многу луѓе му се придружиле на патот.

Мавтајќи со палмови гранки во знак на добредојде на Спасителот кој денес знаеме дека всушност оди да се сретне со доброволните страдања, луѓето извикувале „Осана (слава) на синот Давид“.

Историскиот настан на Цветници е спомнат во сите четири евангелија, како празник е востановен уште од првите христијански времиња, а свечено се празнува од третиот век од нашата ера.

Според Евангелието по Лука 19:41 додека Исус се приближува до Ерусалим, тој гледа во градот и плаче над него (настан познат како Flevit super illam на латински), претскажувајќи го претстојното страдање што го чека градот во настаните на уништувањето на Вториот храм.

Исус по четврти пат влегувал во Ерусалим како учител, одкако веќе четврта година го проповедал своето учење.

Следбениците веќе го сметале за Божји син и Спасител. По тогашните закони никој неможел да биде учител пред неговата триесета година.

Цветници е христијански подвижен празник што се паѓа во недела пред Велигден.

Нека е честит овој голем христијански празник на православните христијани и нека е честит именденот на сите оние чии имиња означуваат цвет на било кое растение.“