Naslovna Zivot Лила се стави на диета- само ги гледа овие слатки задоволства и...

Лила се стави на диета- само ги гледа овие слатки задоволства и слика, ама не пробува (ФОТО)

Не е ништо ново ако кажеме дека Лила Филиповска изгледа совршено, и внимава на исхраната, но и таа знае да си даде оддишка некогаш, па објави слики како се слади со сендвич од Мекдоналдс и напиша: Само едно залче.

Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива.

На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.

Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.

По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

Лила објави слика со сбојот син Филип како позираат во опуштено издание и до неа напиша емотивна посвета за својата најголема љубов: Ти ме чуваш , ти ме пазиш, ти си мојот штит , моја сигурна зона, ти си моето сѐ.

на социјалните мрежи и во своите интерјуа обично зборува на весели теми, а за нејзиниот приватен живот сите се интересираат.

Но, во една прилика, таа јавно проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, загубата на нејзиниот татко Милан по чие име таа всушност ја додаде буквата М во нејзиното име и презиме и сега е Лила М. Стојановска.

Таа за порталот „Женски магазин” истакна дека тој бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон. Тој бил нејзина ѕвезда-водилка, човек за пример и столб во семејството.

„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата”, рекла Лила.

Нему му бил дијагностициран канцер, но дури во поодмината фаза. Иако бил дисциплиниран пациент, кој редовно одел на прегледи, на крајот не успеал да ја победи тешката болест.

Лила додала дека татко ѝ Милан си заминал од овој свет пред осум години. „Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто, само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно”, изјавила Лила.

Лила минатиот месец кажа дека и таа го победила канцерот, и раскажа се за нејзината операција во Истанбул и како се носела со овој тежок период.

Со голема забава за многу гости, „Бекстејџ“, минатата година го прослави 15. роденден. Екипата на ТВ естрадниот магзин додели награди во повеќе катергории, а една од наградените, за најдобра водителка беше Лила Филиповска- објави Женски магазин тогаш.

– Оваа награда ја посветувам на храбрите како „Бекстејџ“. Поминав низ многу бури, особено изминатава година, еден лош период е зад мене“, кажа Лила.

– Јас можам да работам само Инстаграм, но телевизијата е мојата прва љубов. Инстаграмот денеска имаше проблеми, и не се потпирајте само на него. Образувајте се, учете“, рекла Лила.

-Награда за “ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ” од естрадниот магазин Бекстејџ.

Таму каде што има љубов и инспирација не можеш да погрешиш…

Благодарам од срце на сите Вас што сите овие години што бевте дел од мојот живот и мојата кариера …. Ве сакам -напишала Лила на Инстаграм.

Лила во последно време изгледа дека се ставила на режим на исхрана, а тоа го покажа со неодамнешното стори од Солун каде што била на прошетка и на шопинг изминатиов викенд.

Па така Лила доловила се што може да се долови од атмосферата во Солун, каде што се славел католичкиот Велигден.

На едно од видеата, таа покажала сладолед на кој пишува Честоит Велигден, но таа напишала дека само слика, тоест се лишува о слатките задоволства за да изгледа топ како што изгледа.