Една од најпознатите македонски водителки, Лила Стојановска, неодамна обзнани за својата борба со канцерот, нешто за што јавноста не знаеше.
Таа изминатите денови, во повеќе наврати раскажуваше како и поминувал периодот за рехабилитација, а денес објави и слика од болничкиот кревет и раскажа како се чувствувала во моментите пред операцијата:
Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на “пред” и “после” оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка .
Сосема спонтано направена од мојата другарка @annie_a_mark a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики . И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува . Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав.
Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување.
Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии! А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше !!!