Naslovna Zivot Лидија Кочовска откри како се слави за развод на бракот- оваа приказна...

Лидија Кочовска откри како се слави за развод на бракот- оваа приказна за неа досега не е слушната

Лидија Кочовска во една прилика на Тв Сител ја коментираше денешната музичка сцена кај нас и прашањето зошто сега немаме евергрини како порано.

„Не би сакала да кажам дека нема квалитетни автори. Меѓутоа, за мене квалитетни автори се сите оние кои ги направиле сите тие евергрини.

Да не набројувам. Но, навистина фалат композиции кои луѓето ќе ги паметат, луѓето ќе ги пеат.

Пример ќе дадам една своја композиција, да не звучам сега погрешно. 1995 е снимена „Што те нема“. Ја пее 20 годишно дете. Што значи тоа?

Тоа дете не било родено кога се родила „Што те нема“. Значи ја пеат луѓе, ја бараат, опстанува. Клучна е целата драма во таа композиција, и да ја доловиш.

Многумина ми замеруваат што ја пеам на поинаков начин, но нормално е, гласот со текот на годините созрева. Колку поминале од тогаш, 28 години.

Нормално, не може да звучи исто. Лидија тогаш беше 20 годишна, сега сум 45 годишна. И таа композиција е навистина драма. Се очекува да с’ржиш и моменти да ги шепотиш…“, рече Кочовска.

Потоа се спомна песната „Ти си тој“ со која Лидија има настапувано на многу свадби. Младенците го бираат овој евергрин како почетна песна за својот најважен ден од животот.

Сите ја ангажираат токму Лидија да дојде и да им ја испее. Кочовска рече дека оваа песна никогаш не и има здосадено и секогаш има енергија да ја испее.

„Не е лесно, но е возможно. Не дека секој ден може убаво да ти започне. Јас сум многу разочарана од нашето окружување, од сите луѓе.

Очекував дека целата оваа ситуација ќе направи многу подбри луѓе од нас. Оваа ситуација направи многу полоши луѓе од нас, што мене мнгогу ме разочарува.

И мене не ми е добро, и мене ми гори во душата, и мене ми кр ва-ри душата. Многу. Меѓутоа, се трудам да се смеам“ рече Лидија за време на пандемијата на Сител.

Еспресо.мк објави дека Лидија се сетила на времето кога живеела и работела во Хрватска, а тоа е период од 5-6 години, кога настапувала на многу необични настани.

-Првиот пат мене ме вика екипа, за да си дојдам на настап. „Лидија, имаме настан во тој и тој трговски центар, на тој и тој спрат, во тој и тој локал“, се присети Кочовска.

Кога заминала во локалот каде што требала да пее, видела девојки облечени како зајчици, во исти маици, и помислила дека пее за моминска вечер.

-Згодни девојчиња, лепотици. И јас велам: Ајде, нека е со среќа! И девојката ме гледа и ми вели: Благодарам, но не и на твоја глава! Ѝ велам: Зошто?

-Но, не знам дали знаете дека јас се разведувам“, се присети Лидија, и раскажа дека ѝ бил чуден моментот што не ѝ кажале на каков настан е повикана да пее.

-Бев и насмеана и расплакана. Не знаеш како да реагираш во моментот. Е, после кога влегов во „штос“, чудно ми беше свадби да пеам“, рече Лидија низ смеа.

Таа се присети дека пеела на околу 30-тина такви забави за разводи кои ги организирале и мажи и жени..

Таа рекла дека во Хрватска било нормално да се прават журки за разводи. Лидија била дел од тие забави, како пејачка.