Naslovna Zivot Илина е во дилема, им побара на следачите мислење, што да прави...

Илина е во дилема, им побара на следачите мислење, што да прави со косата (ФОТО)

Илина Арсова пред да оди во Америка се врати на нејзиниот долгодишен сон, да слика пејсажи, животни, природа… Нејзиниот Инстаграм профил е исполнет со насликани фотографии.

Под една фотографија која неодамна ја сподели, напиша емотивен статус кој ја поврзува нејзината љубов со сликарството и лекција која ја научила во текот на животот:

„Отсекогаш ми се допаѓале уметноста и сликарството…. но кога дипломирав ликовна уметност, решив да студирам уште, и уште…

И потоа работев низ светот, се искачив на највисоките планини. Секогаш го хранев мојот внатрешен уметник, а сепак живеењето надвор од уметноста не беше лесно, особено не во
земјата од каде што доаѓам.

Затоа морав да работам секакви други работи и пропуштив многу време за сликање.

Најтешката лекција за учење за ова време, на ова патување беше да им кажам НЕ на луѓето, на тие мали проекти, потенцијални можности, кампањи и повремени настани кои според нивното мислење ќе бидат потребни само 5 минути или максимум 2 часа вашето време (што патем никогаш не е така).

Сега кога знам дека НЕ е валиден одговор, го имам тоа време многу повеќе време за моите работи наместо да ги хранам
туѓите интереси.

Ти благодарам животе што ме научи… подобро доцна отколку никогаш..”, напиша Илина на својот профил.

Илина Арсова во интервју за Репортер, каде што ја раскажа љубовта со Игор, како тие всушност функционираат заедно, што е убаво, но исто така ѝ што и пречело на почетокот од нивната врска, додека беа заедно.

-Јас последниве години, пола од времето го поминувам во Македонија, пола надвор. Патувам, работам, учам. Јас имам проблем тука, бидејќи некако средината многу не кочи за да напредуваме, особено за оние работи за кои јас сакам да се надградувам.

Се сеќавам во Турција имаше на почетокот, не сум удрила срценце, не сум му ставила лајк кога ми пишал, и одма лут дечкото.

А јас од сабајле пуна агендата. Станувам, вежбам доручкувам, вежбам, одам на карпа, работам, пливам, јадам нешто на брзинка, и легнувам уте пана.

Ама, нормални луѓе, имаме малку повисоко ниво на свесност, за брзо време да ги сконтаме тие работи, како што на него му е чудно тоа мое постојано движење и патување, мене ми е чудна неговата пасивност.

Па, некој пат кога не ми е јасно во врска со тоа како неговиот живот е организиран, си го преслушувам вашето интервју тука што го имате, баш тоа беше непосредно пред ние да се сретнеме, и тука си го преслушувам од време на време, ако нешто не ми е јасно, може од време на време ќе ми се открие.

Тогаш рече дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа. Тоа беше во декември, а ние се сретнваме во април во Дојран. А се имаме сретнато во Охрид чисто другарски, и нели целиот тој сплет на околности не спои.

И веќе, во однос на птретходното прашање и мојот номадизам модередн што си го нарекувам, имам сега целосна поддршка, значи минатиот пат бев три месеци отсутна. Јас му кажав на него: Па, не знам злато, еден месец ваљда.

И тој самиот ми викаше: Колку што мислиш дека треба да останеш, да останеш, така што, веќе ја имам целата поддршка, што е многу битно. Некако многу природно ние се поврзавме, едноставно се дружевме во Дојран, и…

Знам дека многу се изненади кога ме виде. Јaс значи секој ден шетам, а гледам он постира нешто Сретеново, Дојран. Си викам: Кај постира овој цело време? Секој ден шпартам од Мардаја до Стар Дојран и назад од сабајле тоа ми е рутинска прошетка.

А он тука на крајот од оградата, некое дрвце на плажата и пеликаните. И си викам: Еј, од кај му е ова место, пошто никад не сум налетала на него, не сум го видела. И така, еден ден случајно се сретнавме. Мислам дека е многу убаво тоа што сме двајцата креативци, проговори Илина пред да замине за Америка и да се разделат со Игор.

Илина се огласи од Тенеси и побара помош од своите обожаватели во врска со нејзината коса. Таа објави слики од тоа како изгледа сега и праша дали да ја пушта или да ја скрати косата. Илина изгледа многу добро со кадрава коса.

Еден од појаките коментари под сликата беше:

„Сигурна сум дека Тенеси беше погоден од повеќе бури од вообичаено во последно време…,“ што значи дека Илина изгледа многу јако и многумина се согласуваат со тоа.