Naslovna Zivot Еве каде ужива нашата позната инфлуенсерка, ова место е вистински рај (ФОТО)

Еве каде ужива нашата позната инфлуенсерка, ова место е вистински рај (ФОТО)

Инфлуенсерката Агнеса во едно интервју за Женски Магазин зборуваше како се негува:

– Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06:30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.

Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мрт вите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.

Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов, мат кармин.

Агнеса неодамна објави фотографија на која рекламира производи. Очигледно е дека има нов „занает“, професија – инфлуенсерство.

Органџиева се приклучи во семејството на многу жени во светот и неколку кај нас, кои од својата убавина, преку рекламирање на прозиводи, успеваат да заработуваат добри пари преку социјалните мрежи.

Храна, чевли, облека, козметика – додека седите лежејќи во удобна фотелја или среќно шетате во природа, некои од производите се изборен дел од нивната придружба.

Колку и да изгледа зборот инфлуенсер како нематеријален, денес тие заработуваат многу повеќе од луѓе кои се занимаваат со други професии.

Агнеса на Инстаграм брои повеќе од 100 илјади следбеници, и речиси сите објави ѝ се „спонзорски“ тоест речиси на секоја таа рекламира или модни дидатоци, чанти, чевли, козметика, угостителски објекти. На Агнеса очигледно дека ѝ тргна инфлуенсерскиот бизнис и топ заработува.

Агнеса, на една слика која ја објавила се пофалила дека склучила уште еден договор, за рекламирање на облека на бутик од Гостивар. А, она што го носи на неа е мини фустан.

Се забележува дека Агнеса е доста ослабена последниве месеци, а тоа особено се гледа на оваа слика, со моделот кој го носи, а ја истакнува нејзината тенка половина и нозете.

Таа го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на пандемијата, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја спомена во статус на Фејсбук.

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат.

Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.

„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.

Со ќерката Тифани, таа раскажала за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година.

Агнеса Органџиева во интервју за Гламур.мк зборуваше за тоа какви мажи може да ја освојат, но откри и многу детали од приватниот живот, за кои досега нема зборувано.

На прашањето дали Агнеса е вљубена, таа одоговори дека сѐ уште го чека вистинскиот, но откри и какви мажи би можеле да ја привлечат.

-Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат, па се рушат.

-Агнеса е нормална, живее нормално, се бори сама. Сакам луѓе до мене со висока фрекфенција на енергија, не сакам ниски вибрации никогаш. Каде што можам, помагам.

Споделувам еден мал дел што сакам јас да им го покажам. Тоа е 20% од мојот живот, доволно им е за приказни.

Па за нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат.

Агнеса моментално ужива со ќеркичките во еден хотел во Благоевград, и објавува што прават преку ден. Се гледа дека Агнеса е посветена мајка на своите две деца.

Агнеса објави слика од базен и на сликите се гледа дека е многу ослабена и изгледа многу згодна. „Вистинско уживање,“ напиша Агнеса покрај видеото што го објави, а атмосферата е многу пријатна.