Naslovna Zivot Сузе Турунџиева: Ѓубре ко ѓубре, ќе почне да смрди ако не го...

Сузе Турунџиева: Ѓубре ко ѓубре, ќе почне да смрди ако не го фрлиш… (ФОТО)

Во интервју за Хибрид, Сузана Турунџиева објасни што ѝ е инспирација кога пишува книги и која мисла ја води низ животот, а која сака да ја избегне.

– Имаше моменти за кои чувствував дека сакам да ги прескокнам ама сѐ е наша историја, макар и не било нешто убаво во нашиот живот, макар имало и некои личности кои сакаш да ги избришеш. Но, гума за бришење нема.

Донесов одлука, со никого не ја споделив и си реков дека тоа моментот што го чекам, сум достигнала некаква ментална зрелост, тогаш имав 36 години и јас ова ќе го ставам на хартија.

Дали тоа некому ќе му се допадне или не, воопшто не ми беше важно и ден денес не ми е, иако многумина сè уште многу несериозно го сфаќаат моето пишување. Но, и тоа е показател дека нешто се прави, замислете никој да не изреагира, тоа е уште пострашно.

-Најболниот и најтешкиот период кој го пишував е моментот кога исчезна брат ми. Тоа беа пеколни 40 дена во кои не знаев дали живеам, дали постојам, меѓутоа цело време во тие 40 дена носев на себе една бела бунда, со надеж дека ќе се разреши сето тоа убаво. Но, не се разреши убаво, стигна најстрашната вест.

Таа ситуација сакав да ја опишам поедноставно односно да не ги забележам сите тешки моменти кои ги преживував, мислам дека донекаде успеав, можеби не се соголив комплетно, но сакав да ја поштедам мојата мајка затоа што таа ја преживеа сепак најголемата болка.

Кога пишуваш првпат за такви ситуации никогаш не знаеш што е исправно, дали со пет збора да удриш многу силно или со 1000 зборови да удираш полека“, кажа Сузана.

Сузана сподели емотивен спомен на својот сопруг Маријан кој го напушти овој свет пред повеќе од 6 години, во јули во 2016 година. Таа во статусот го споменува неговиот роденден кој е во септември, и како тој некогаш се славел.

– Денес ќе прославевме 48… Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше… Се собираше… Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше…

Болна и сурова вистина е дека кога човек ќе поч ине, СЀ се заборава… Ги снемува пријателите, роднините, другарите… Со чест на малкумина, кои немаат кратко помнење…

Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е се толку сурово, минливо… Сакам да верувам дека во Бескрајот нема толку разочарување како тука…

Почивај во мир драг наш Марјан, сигурно денес околу тебе има полни софри и полни чаши“, напиша Сузана.

Откако почнаа да се дружат, евидентно е дека и на Атиџе Муратова, но и на Сузана Турунџиева, почнаа да им се случуваат убави работи во животот.

-Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслични ако земеш да нѐ анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Сѐ повеќе луѓе се грижат за интереси, сѐ повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не нѐ врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече неодамна Турунџиева во „Магазин“ на Сител.

Сузана често на својот профил на Фејсбук објавува фотографии и пишува поучни мисли и пораки кои секој би го оставиле да размислува.

На последните фотографии кои ги објави, Сузе изгледа многу подмладена, а таа објави и слика во бикини на која таа изгледа многу згодна и пишуваше:

Не заборавај да го исфрлиш ѓубрето: од канта, од чанта, од глава, од живот, напиша Сузе, а во описот допиша: „Оти ѓубре ко ѓубре, ќе почне да смрди…“