Naslovna Magazin Анастасија Ражнатовиќ ја шокира јавноста со оваа брутална порака и откри што...

Анастасија Ражнатовиќ ја шокира јавноста со оваа брутална порака и откри што се случува во нејзината врска со Гудељ (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ ја наследи Цеца со нејзиниот талентиран глас, а во една прилика откри што бара секогаш од своите соработници.

–Ги замолувам моите соработници да ми го следат мојот стил, што мислат дека ќе ми одговара, да ми испраќаат такви песни, а досега сум имала среќа, некои луѓе знаат да го видат тоа што ми се допаѓа.

–Луѓето често ме прашуваат зошто не објавувам нови песни, едноставно не брзам со тие работи. Секоја песна што ќе ја објавам мора да биде нешто што ќе ми се допадне максимално, сто проценти – рече таа.

–Не сакам да објавам нешто чисто за да бидам актуелна, присутна, за нешто да се случи, сакам да сум сигурна и да ми се допаѓа. Одам полека, го подготвувам материјалот и ќе објавам нова песна следната година – рече Анастасија.

Неодамна со голема загуба се соочија Вељко и Анастасија Ражнатовиќ. Имено, нивниот многу близок пријател Жарко се упокоил. Двајцата во оваа прилика објавија на Инстаграм каде се простија од својот пријател со кој се дружат од детството.

– Последен поздрав до мојот помал брат. Твојот брат те сака повеќе од сѐ на светот.

Господ нека ти ги отвори вратите на рајот затоа што ти беше најдобриот човек што го познавам. Многу те сака брат ти – напиша Вељко со заедничките фотографии.

– Нашиот добар брат! Ништо никогаш повеќе нема да биде исто. Ќе се сретнеме пак на подобро место. Почи вај во мир. Те сака твојот Конга – рекол боксерот.

По него се огласи Анастасија и сподели спомен од детството со упокоениот пријател. „Поч ивај во мир прекрасна душо. Никогаш нема да те заборавиме – напиша Анастасија со емотикон срце.

Анастасија често знае да ги допре следбениците со емотивни пораки и фотографии, а неодамна на своето стори објави и фотографија која секогаш ја чува во новчаникот и која е секогаш со неа кога излегува од дома.

На неа е нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ, а младата пејачка напиша и емотивна порака, која предизвика лавина од емоции.

– Секогаш покрај мене – напиша Ражнатовиќ во своето инстаграм стори.

Таа во неколку наврати за тамошните медиуми раскажа колку ѝ недостига нејзиниот татко и покрај љубовта на нејзината мајка:

– Татко ми ми недостасуваше, како некое чувство на заштита, стабилност. Иако мајката беше столб, таткото го немаше, без разлика колку мајка ми се трудеше да надомести за сѐ.

Кога бевме деца, татковците доаѓаа да ги земат децата после училиште, а нас нѐ земаше возачот.

Горда што сум негово дете и што беше тоа што беше и што толку многу ја сакаше и бранеше нашата земја и секогаш ќе бидам горда на тоа и ќе го сакам засекогаш – изјави таа во една прилика.

И покрај оддалеченоста и бројните предрасуди, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ важат за еден од најкомпатибилните парови на јавната сцена.

Медиумите веќе неколку месеци пишуваат дека ќерката на Цеца не е во добри односи со мајката на Немања, Оливера Гудељ.

Приказните за семејните конфликти дополнително ги подгреа тоа што Оливера ја отследи Анастасија од Инстаграм, а истото го направи и младата пејачка.

Според корисниците на споменатата социјална мрежа, раздорот меѓу нив е несовладлив, а доказ за тоа се зборовите на Анастасија Ражнатовиќ кои таа неодамна ги сподели во својата приказна.

– Кога ќе ми направат нешто без воопшто да спомнат, во мене се раѓа желбата да им се оддолжам со нешто подобро. А кога ќе направат нешто и ќе ме прекоруваат, душата ми е полесна за два броја и сме парни – напишала пејачката.

Зборовите на Анастасија Ражнатовиќ направија лавина од коментари, а многумина се прашуваат дали се упатени до Оливера.

Анастасија веќе извесно време престојува во Севиља, а тоа дека проблемите постојат, докажува овој статус на пејачка, но веруваме дека ќе се решат мирно и без помпа.

Од друга страна, на Анастасија и Гудељ им оди сѐ одлично во врската, а тоа го докажува фактот што неодамна ја прославија својата годишнина, а Немања ја изненади Анастасија со огромен букет.