Naslovna Zivot Тони Михајловски искрено си кажа многу нешта за животот- Одвратно ми е...

Тони Михајловски искрено си кажа многу нешта за животот- Одвратно ми е кога ќе се видам самиот себе

Во 2021 година, Тони Михајловски повторно ја врати емисијата Опуштено и му гостуваа многу познати липчности како Елена Ристеска, д-р Милан Ристески, Јанко Илковски, Снеже Велков…

Кога „Опуштено“ ја емитуваше својата последна емисија, и гостуваше триото, бендот кој настапуваше во текот на сезоната, но и актерите Ненад Нацев и Александар Михајловски, синот на Тони.

Тие во емисијата имаа улога на анкетатори, правеа забавни анкети низ Скопје.

Најинтересното прашање кое Тони му го постави на синот е: Ќе направиш некогаш некој кумановски лик, „трибјут ту јуар фадер“, а тој рече:

-Игарм кај Јордан Симојов а тој ми вика: Ај збори на кумановски. Јас му викам: Те молам не на кумановски. Кај личам на татко ми, ќе ме уте -паат: Види го овој на Тони, имитира га татка… Ама, ќе ти ја превземам „Опуштено“.

Потоа, Тони го праша Александар: Колку има вистина во тоа дека татко ти ти мести улоги, а син у му рече: Многу. Еднаш дури ми намести улога и ја играше место мене!

Во 2018 година, се ожени синот на Тони Михајловски, актерот Александар. Тој заедно со својата сопруга Ангела, мво 2017 година станаа родители, а потоа решија својата љубов да ја крунисаат со брак.

Важна улога во венчавката имаше и помалиот син на Тони, а највесел беше Тони“, пишуваше Курир во тоа време.

Тони Михајловски гостуваше во емисијата „Г карпет“, а во оваа емисија, заедно со Миро Кацаров, водителка овој пат беше Вера Мештеровиќ. Инаку, во емисијата се менуваат водителките секоја недела.

Тони во емисијата гостуваше заедно со неговиот син, Александар кој е исто така познат млад актер- има 32 години. Тони раскажа кога видел дека син му има талент за глума.

-Кога одев во градинка ја играв првата претстава на приредба“, кажа Александаер, а потоа Тони се надоврза: Јас го гледав на претставата, дека го знае улогите на сите други деца.

Додека тие играа, тој ги повторуваше улогите заедно со нив, нечујно. Тогаш видов дека има нешто“, кажа Тони. Исто така, Александар зборуваше дека подоцна сфатил дека татко му е познат.

-Не го доживував стариот како познат актер, но кога пораснав видов колку е добар и тоа му го кажав“, рече Александар и додаде дека на 17 години дома соопштил дека сака да стане актер.

– Мајка му се противеше многу, доволно и беше еден актер по дома“, кажа Тони за мајката на Александар, неговата поранешна сопруга. А Александар додаде:

-Мајка ми сакаше да се занимавам со маркетинг. Таа работи нешто сосема друго, изработува и нат ални карти, и во картата не виде дека јас ќе се занимавам со актерство“, рече Александар и нагласи дека би можел да се снајде и во друга професија.

Исто така зборуваа и дека кај нас во некои ситуации не е добро да си нечии син (напозната личност), а тоа во нивната приказна не секогаш се покажало како добро.

Тони Михајловски во последно време повеќе работи во Србија, односно снима филмови и серии, а многу помалку во Македонија. Познатиот глумец во емисијата Еден на еден раскажа за овој феномен.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Последно во Македонија беше „Стела“, првиот детски филм снимен пред две години. Пази, првиот македонски детски игран филм. Што се ти кажува, како се работи?“.

Тони исто така има изјавено дека во „Стела“ го викнале да снима затоа штп Раде Шербеџија ја откажал оваа улога, и тој дошол на негово место.

На социјалниоте мрежи се споделува едно видео од Тони, кое излегло на Инстаграм профилот на српската серија „Од јутра до сутра“ во која глуми Тони.

Тони во оваа серија глуми еден од главните ликови, Раде, а по ова видео со брзи прашања, тој добил доста комплименти дека е цар. Тој всушност овде открил многу работи за него кои досега не сме ги знаеле.

Тони го прашале кое му е омиленото јадење, а тој одговорил: Сарма. Потоа го прашале: Што секој маж мора да знае, а тој рекол: Мора да знае да вози автомобил.

Да не си актер, би бил? А Тони рече: Би бил пилот. Или полицаец, одговорил Михајловски, а потоа го добил прашањето: Да се видам себеси на екранот?

-Одвратно ми е, рекол Тони. Чоколадо или ванила? Чоколадо, рекол Тони. Која книга секој треба да ја прочита? Секој треба да ја прочита: Кој ми го украде сирењето.

Песна за сите времиња? „Остани ѓубре до краја“, било што од „Чорба“. Вино или ракија, било следното прашање. Ракија- одговорил на ова Тони.

Штп ве вади од такт, било следното прашање, а тони кажал: Неправда. Лага. „И за крај, најдобриот совет кој све го добиле“.

Тони на ова последно прашање одговорил: И за крај, најдобриот совет кој сум го довил од татко ми- Не можам да се сетам“, рекол Тони и се насмевнал.