Naslovna Zivot Тијана многу пати ја имаат разведено со Милан- пејачката конечно ја кажа...

Тијана многу пати ја имаат разведено со Милан- пејачката конечно ја кажа вистината на оваа тема

Тијана Дапчевиќ во една прилика отворено има кажано дека, што се однесува до физичката активност и до исхраната, дошла во тие години кога решила во сѐ да бидам умерена, за да си го најде баланост.

Таа има исхрана која ја применува веќе со години и некоја рутина која ѝ одговара.

„Сѐ е индивидуално, можам да зборувам до задутре, но дефинитивно најубавата исхрана што ја открив во последниве неколку години е липосукциската исхрана.

И ја применувам еве веќе подолго и тоа ми одговара. Освен начинот на исхрана, редовно вежбам“, изјавила Тијана која- мора да се признае, топ изгледа.

Скопјанката што живее во срспската престолнина ја сака и старо и младо, ама и децата кои се забавуваат со нејзината улога на Ула, во серијата „Преспав“.

Во едно итервју за Женски магазин ја има искоментирано состојбата во која се наоѓаше нејзината колешка Северина, во 2019 година, кога синот живееше со неговиот татко Милан, а таа само повремено го гледаше.

– Северина исклучително ја почитувам како изведувач и како најдобриот и единствен, можам да кажам, забавувач од овие простори којшто функционира беспрекорно повеќе од 25 години.

Таа е жена која цврсто стои на нозете и покрај сѐ што ѝ се случува. Очај на е оваа ситуација, не сакам ни да помислам во каква состојба е таа во моментов.

Не сум толку блиска за да разговарам со неа на оваа тема. Многу се почитуваме и се сакаме и секогаш кога ќе се видиме се гушкаме.

Многу би сакала од оваа перспектива да можам некако да ја најдам и да ја гушнам, и да ѝ кажам дека сето тоа ќе помине, и дека правдата ќе излезе на виделина, а Александар ќе ѝ се врати во прегратки.

Многу е стра шно тоа што ѝ се случува. Ја има мојата поддршка, мислам дека ја има од секоја жена и од секоја мајка“, рекла Тијана за Северина тогаш.

Ама, она што секогаш некако се врти како муабет околу неа, тоа е нејзиниот брак со Милан Дапчевиќ, човекот кој е татко на нејзиниот син Вук.

„Мојата мајка, (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам.

Две училишта, една Академија и „неколку“ љубови подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам.

Од тогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Од тогаш, сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја“ ,напишала Тијана еднаш, кога славеле годишнина со Милан.

Ама, медиумите постојано ја разведуваат со Милан, и таа во една прилика ја има искоментирано оваа нејзина ситуација за разведувањето со Милан.

– Па, знаеш како велат: Кучињата си лаат, караванот си врви или Зад добриот коњ прашина се крева. Што поуспешен си, тоа повеќе непријатели имаш и повеќе луѓе коишто сакаат да ти прават сопки.

Секогаш зборувам дека сум од оние што си гледаат само во својот двор. Сакам да им помагам на луѓето кога се во неволја, така сум воспитана.

Не обрнувам многу време на медимумите, кога им е здодевно си пишуваат што сакаат. Сите знаеме што е виситна. Јас маж ми си го сакам, тој мене ме сака, и тоа е тоа“, изјавила Тијана.