Naslovna Zivot Изгледа како младо девојче во овој топ фустан- досега во кавко издание...

Изгледа како младо девојче во овој топ фустан- досега во кавко издание не сме ја виделе Ирена Спировска

Ирена Спировска е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена.

Со години наназад, Спировска е една од нашите најдобри и најпознати водителки. Таа изгради успешна кариера во медиумскиот простор.

Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.

Сепак тоа што посебно ќе го издвоиме за неа е стилот, кој кај неа варира во однос на работните обврски, промоциите на кои се појавува или пак тоа што обожава да го носи во слободното време.

Ирена беше активна и во модниот свет, таа е Зимска убавица на Македонија за 1993 година.

„Бевме дел од манекенската екипа на Марјан Димитриевски кој во тоа време ја имаше најдобрата модна агенција. Ние станавме дел од неа на почетокот на деведесетите.

Станавме дел од подмладокот на агенцијата и освен на модни ревии учествувавме и на избори за убавина како претставнички на агенцијата. Јас бев избрана за Зимска убавица на Македонија во 1993 година.

Тој период јас веќе работев во МТВ како хонорарен соработник, па решив да се откажам од модните писти и да им се посветам на студиите по книжевност и на работата во телевизија“, се сеќава Спировска за Женски магазин.

Нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје.

Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.

Ми понуди веднаш ангажман, да снимам тв реклама, но бидејќи бев сè уште средношколка, најпрво се двоумев дали да прифатам и дали тоа ќе влијае на мојот успех во училиште.

По разговорот со мојот татко и неговото одобрение, сепак ја прифатив понудата и ја снимив првата Тв реклама. Taка го заработив и првиот хонорар. Веднаш потоа станав дел од подмладокот на модната агенција „Моделс Ин“ и почнав да чекорам и по модните писти.

Учествував и на Изборот за зимска убавица на Македонија, каде што го освоив првото место, а со тоа и директен пласман во финалето за Мис на Македонија.

Во меѓувреме матурирав и се пријавив на аудиција за најавувачи, која ја имаше распишано Македонската Радио Телевизија. Од околу 200 пријавени девојки, влегов во потесниот избор од 20 кандидатки, од кои потоа само 10 беа хонорарно ангажирани во телевизијата..

Меѓу нив бев и јас, па поради тоа одлучив да се откажам од учеството на изборот за мис на Македонија и решив да се посветам на телевизискиот ангажман. За мене тоа беше поголем и повозбудлив предизвик.

Во двомесечната обука која ја имавме во МТВ започнав да работам на најава на програмата.

Талентот за водење, во мене први го препознаа Александар Сидоровски и сега веќе покојниот Диме Костовски од третиот канал на МТВ.

Во тоа време овој канал нудеше забавна програма која беше многу популарна и гледана, а тие двајцата постојано мобилизираа нови млади луѓе да работат во Канал 3“, рекла Ирена.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина.

Водителката ретко на социјалните мрежи споделува фотографии од своето семејство, но овојпат направи исклучок и на „стори“ фотографија со братот Борче.

„Братска – сестринска љубов“ напиша таа како објаснување.

Инаку, ова е сестрата на Ирена, Јелена за која многумина тврдат дека премногу си личат.

Ирена многу мала остана без мајка си, која се упокои како последица на р ак на дојка. Затоа знам како изгледа кога некој се бори со оваа болест и што значи тоа за целото семејство, кажа во една прилика Ирена Спировска.

На една од своите нови слики на Инстаграм, Ирена Спировска е во неверојатно издание. Изгледа многу добро, во тесен фустан со шлиц кој ја покажува нејзината идеална линија.

До сликата, Ирена добила доста комплименти дека изгледа одлично и дека е дива, епитети кои навистина ги заслужила сите овие години.