Како што е познато , Милена Антовска- станковска е дел од екипата на ТВ Канал 5, каде што се појави во повеќе проекти, а најзапаметена е по Утринската програма која ја води со колегите Роберт Јанков и Јелена Спенџарска.
Потоа, во екипата им се придружија и Вера Мештеровиќ, поранешна Мис на Македонија која исто така гледачите ја засакаа како дел од екипата на Утринската програма, но и Александра Илиевска.
Милена инаку претходно ја водеше емисијата „Сподели про блем“ со Милена каде што одеше на терен и ги слушаме проблемите на народот и колку што е во можност со помош на институциите ги решаваше.
Животот на Милена се смени во 2016 година, кога таа и нејзиниот сопруг Гордан ја добија својата прва радост, ќеркичката Лана Марија.
Инаку, Лана Марија е родена празникот Голема Богородица, и Милена во една прилика има изјавено дека овој голем и важен ден ѝ дал сила.
Потоа, на празникот Василица во 2022 година, Милена роди уште една ќерка, Јоана, која сега има една година, а Милена сега пак им се врати на рабптните обврски.
Инаку, Ване Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секое утро, тој споделува фотографии од неговото ново работно место, Македонската радио телевизија.
Ване е по се изгледа радосен што денот му почнува со колешките и со гледачите на МТВ, водејќи ја Утринската програма. Тој претходно беше дел од тимот на Канал 5, од каде што си замина во 2020 година.
Познато е дека добра пријателка на Ване му е токму Милена Антовска- Станковска, водителката од Канал 5.
Ване и Милена се блиски уште од времето кога работеа заедно во оваа телевизија, а и сега поминуваат заедно доста време.
Милена во една прилика на својот Фејсбук профил објави интересен статус за тоа како се чувствува:
-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана.
Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.
Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно.
Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место. Дали е добро тоа или не, не знам… Времето ќе покаже“.
Ване и Милена знаат да уживаат во заедничките излегувања. Ване објави слика со својата пријателка, и двајцата тип-топ дотерани, како уживаат со коктели во еден скопски бар.
Милена покажа еден специјален човек во нејзиниот живот, а тоа не е нејзиниот сопруг, туку незјзиниот брат, Благоја, а поводот е негвиот именден- Благовец и неговиот роденден.
-Еден од најважните во мојот живот, среќен роденден Бато, пишува во посветата на Милена до братот кој е инаку познат музичар кој свири тапани.