Адријана Алачки со години наназад е добро препознатлив лик пред ТВ камерите. Таа својата кариера ја почна како пејачка, а потоа продолжи и како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.
„Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето“, вели Адријана.
Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице. И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив“, изјави Алачки.
Таа ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана. Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.
„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“, изјави Андријана во едно интервју.
Адријана Алачки е всушност по професија забен техничар, но таа малку има работено во својата струка. Повеќе ја знаеме како пејачка на народни песни, а во последно време како одлична готвачка.
Адријана Алачки растела со македонскиот фолклор како член на КУД “Кочо Рацин” Својата пејачка кариера ја започнала во 1987 година и пред пошироката јавност се преставувила со една прекрасна народна песна.
Во 1988 година со Ирена прават дует кој во 90-те години остава траг на македонската фолк сцена.
Следуваат настапи и турнеи во Европа, Канада и Австралија. Дуетот престанува да постои во 1994 година, но Адријана продолжува со музичката кариера.
Често е присутна на фестивалите, има добиено голем број награди, а голем број хитови сведочат за успешноста. Како автор на музиката на нејзините песни најчесто се јавува нејзиниот поранешен сопруг – хармоникашот Горан Алачки.
Инаку, покрај соло кариерата, Адријана Алачки понекогаш настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Адријана се и Благица Павловска, Росана Сариќ- Тодоровска и Бади Бекир.
Во нејзината професионална кариера можат да се најдат четири касети, две самостојни цедеа, голем број фестивали, турнеи, петнаесетина години на естрадата и последниот албум наречен „Меланхолија“.
Алачки доста има патувано низ светот, а таа го напиша и Македонскиот традиционален готвач за кој раскажа дека инспирацијата ја црпела од еден Јапонец.
Во една прилика, Адријана прозборе и за својот најголем страв, а тоа е стравот од летање. Инаку, таа пред пандемијата, во 2019 година, имала вкупно 39 лета.
Овој страв, Адријана го надминува со јога и со медитација.
– „Мислам дека нема човек којшто не се плаши од летање барем малку. А стравот од летање е мојот единствен страв.
За мене велат дека сум најсмирениот човек на светот, а во тоа ми помагаат токму јогата и медитацијата“, изјави Адријана за Женски магазин.
– „Почнав да учам јога пред 26 години, од Лидија и од Стефан, во првата школа за јога во Македонија. Многумина кај нас не се запознаени и не се едуцирани, ја поврзуваат јогата со религија.
Убаво е кога вежбаш интегрална јога, тогаш го имаш тој благодет преку команда на телото да го контролираш и умот и го раздвижуваш и во најмалите делови.
Со активирање на вежбите го воведуваш во склад целиот нервен систем, тука си има техники за дишење, за концентрација.
Ова ми помогна и кога пеев на фестивали, на поголема сцена, како за еден млад пејач кој имал трема, корисно е за секој сценски работник“, раскажала Адријана. А, потоа кажала како останува будна и кога се долги летови во прашање.
Кога се сеќава на долгите авионски летови, оние од 16-17 часа на пример, таа додава дека додека патува со авион никогаш не спие.
– „Со помош на техниките на медитација, еден долг лет мене ми поминува како за час и само на тој начн го надминувам стравот“, открила Адријана.
Таа вели дека токму долгогодишното искустсво со овие техники ѝ помагаат да остане толку смирена, да не им замерува на луѓето колку и многу да ја изнервираат.
Таа рекла дека никако не се кара со никого, туку само продолжува понатаму со животот, што и да се случи.