Naslovna Vesti Ерол Ризаов: Да се интегриравме во ЕУ и НАТО со името ПЈРМ,...

Ерол Ризаов: Да се интегриравме во ЕУ и НАТО со името ПЈРМ, сега најверојатно ќе бевме Република Македонија

Ерол Ризаов е еден од најпознатите македонски новинари, кој во минатото, долги години беше главен и одговорен уредник во Нова Македонија.

Ерол Ризаов вчера гостуваше во емисијата „Во Центар“, кај Васко Ефтов и проговори на многу теми, бидејќи тој е сивременик на многу настани во историјата на Македонија.

Ерол Ризаов на почетокот проговори за актуелната тема, Уставните измени. тој е дециден дека, доколку сега не се реши ова прашање, сигурно ќе се реши по изборите, кој и да победи на истите.

-Видете, во Грција, Мицотакис пред да дојде на власт, жестоко го критикуваше Алексис Ципрас, за договорот со Македонија.

Но, во првиот момент кога седна во премиерскиот кабинет, рече дека ДА, договорот со Македонија е штетен за Грција, но ние мораме да го почитуваме.

Истото ќе се случи и кај нас. ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта нема 80 гласови за Уставни измени. Значи ли тоа дека ако тие добијат 80 пратеници, дека ќе ги спроведат Уставните измени.

Ви велам ДА. Тие ќе го спроведат тоа и на крајот, ќе останат разочарани само овие кои сега се надеваат на нив. Ќе останат разочарани, како и секогаш досега, рече Ризаов.

Ерол Ризаов се потсети на еден говор во минатото на првиот македонски претседател Киро Глигоров и потенцираше дека ние сега сме можеле да бидеме Република Македонија, доколку бевме паметни.

-Доколку во 2005 година влезевме во НАТО како ПЈРМ, име на кое сите се спротивставуваа, сега веќе ќе бевме дваесетина години интегрирани во ЕУ и НАТО.

Кој нас сега ќе ни забранеше, да го тргнеме тоа „Поранешна Југословенска“ и да си останеме Република Македонија. Доколку бевме интегрирани, со што ќе не блокираа?

Но еве, тоа е што е и колку и да чекаме и тактизираме, ние губиме, односно цената е преголема, рече Ерол Ризаов, во интервјуто кое можете да го погледнете подолу.