Naslovna Zivot Елена Велевска искрено прозборе за нејзината заработка од музиката- има што да...

Елена Велевска искрено прозборе за нејзината заработка од музиката- има што да каже на оваа тема

Елена Велевска, нашата позната фолк пејачка ја сметаат за пионер во многу нешта, таа на пример мешу првите има почнато кај нас да снима поинакви песни во фолк музиката.

– Многу е тешко да наметнеш нешто ново, поинакво. Јас пред 15 години направив работи кои дотогаш никој не ги направил. Понудив нешто поинакво, од музика до видеоспот, песните кои ги промовирав во тоа време се слушаат до ден денес.

Сама си го наметнав тоа и така функционирам до ден денес, сакам да сум поинаква и јас сум сама на себеси конкуренција најголема, сакам од претходниот проект да сум подобра и ми успева, публиката го прифаќа тоа, а за мене тоа е најважно.

Ако работите со љубов, посветени сте, вложувате труд, успехот е загарантиран. Јас исто функционирам кога е мојата кариера во прашање од некогаш до ден денес“, има изјавено таа во интервју за Слободен печат.

-Сама сум ја одбрала оваа професија свесно и со самото тоа сум ги „прифатила“ сите ризици кои ги носи. Славата годи, секој кој вели дека не е така, не ја говори вистината.

Јас не сум ништо поразлично од некоја госпоѓа која работи во некој локален маркет, ги имаме истите проблеми, работиме со луѓе. И мене ми се случува да сум ненаспана, нервозна, нерасположена, но никогаш не ми пречела популарноста.

Ако имав каков било проблем со тоа ќе работев во некоја канцеларија од 9 до 16 часот, но јас не сум тоа“, рекла Елена која е мајка на три деца.

Елена инакуи смета дека како и во секоја професија така и во нејзината има луѓе кои сакаат да ти наштетат, љубоморни се…

-Во оваа професија ако немаш расчистено со егото ќе си имаш проблем.

Не можеш ти секогаш да си најдобар, не можеш секогаш ти да имаш полни концерти, кога и на „поголемите“ им се има случено да имаат промашено песна, турнеја и во тоа нема ништо страшно.

Отсекогаш сум се трудела да бидам најдобра верзија од себе и единствен „натпревар“ што го водам е со самата себе. Кој што си прави, за себе си прави.

Никогаш не сум сакала да престанам да се занимавам со оваа професија, себично би било од моја страна доколку помислам на такво нешто, а имам публика и кариера која трае повеќе од 20 години.

Постојат моменти кога се заситувам и правам пауза и повторно нов почеток. Со секој нов проект, песна за мене е нов почеток“, рекла Елена, а го искоменирала и нејзиниот приватен живот.

– Сама на себе си станав досадна кога е таа тема во прашање и си ветив дека за прашањата поврзани со она кое што се случи изминатиот период, ќе молчам.

Кажав сè што имав да кажам и повеќе од доволно е. Во мојот живот не се случува ништо поинакво од она на секој кој го чита ова“, рекла Елена која пред неколлку години е разведе од охриѓанецот Маријан.

Но, она што сите за неа ги интересира е колку заработува, а таа отворено осговорила и на прашање кое е поврзано со оваа тема:

– Никогаш не сакам јавно да зборувам за тоа колку имам, што имам, примитивно ми е. Живееме во земја во која просечна плата е 200 евра и повеќе од безобразно е јас или кој било да се расфрла со сума на пари и да биде трн во око.

Јас сето ова што го имам, го имам заработено, мојата кариера трае повеќе од 20 години. Не сум опседната со тоа што го носам дека мора да е бренд.

Носам парчиња гардероба од брендови кои се достапни за сите. Еден од најголемите животени успееси е од она кое што сакате да го работите да знаете пари да направите и да можете да живеете нормално, пристојно.

Се исплати доколу вложуваш, јас во мојата кариера многу вложувам и тоа ми се враќа, мојата публика го препознава тоа“; изјавила Велевска.