Naslovna Zivot Екипата на „Мерак меана“ пак запеа, ама не од студиото на „Сител“...

Екипата на „Мерак меана“ пак запеа, ама не од студиото на „Сител“ овој пат, еве од кое место се огласија (ВИДЕО)

Музичарот од групата „Три Шешира“, тоест сега „Скоспки боеми“ е сопственик на свој ресторан „Камин Кама“, лоциран во населбата Ѓорче Петров.

Како што вели Мајка, ресторанот е „три во едно“, односно – има сопствен паркинг простор, има две тераси, реквизити за деца и големо игралиште, а има и одлична забава, особено кога настапува самиот сопственик.

Е, тогаш, игла нема кај да падне!“, напиша Слободен печат во една прилика. Што да јадете? Скара и македонски специјалитети во тава.

Тавите се прават по желба на гостите и на „лице место“, а кралица на скарата е веќе прославената Камин Кама плескавица. За неа стомакот дефинитивно треба да ви биде поголем од очите.

Како што знаеме, Мерак Меана е најпопуларната Тв емисија за народна музика која се емитува на Сител ТВ, а многу наши познати ѕвезди од фолк естрадата пеат песни постари, подзаборавени, но и нови популарни, кои се пеат со мерак за душата.

Мерак меана е музичка емисија во која се пеат најубавите песни од Македонија и Балканот, а емисијата се емитува и сабота и во недела, а Трајче и неговата група го прават главното шоу.

Минатата година, на Трајче за жал му се случила нec-peќa, имено изг орел неговиот објект „Камин кама“, поточно ресторанот во кој многу напи пејачи настапувале. Тој на социјалните мрежи ја објави оваа неубава вест.

Потоа, многу пријатели почнаа да го тешат и да му велат: Мајка, ќе направиш ти поубава кафана.

Мајка е инаку прекар на Толевски, според социјалните мрежи може да се заклучи дека таа го викаат пријателите.

– Известување: Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пож-арот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период.

За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“, напишал Трајче и објавил слики од рестотанот.

Пријателите на Трајче неколку месеци потоа објавија убава вест: Кога ќе го обновиш со пријателите, е подобро од првиот пат. Трајче го врати Камин Кама, буквално од пепе л. Ајде да го прославиме тоа. Вака, или џорчевски, на по една.

Ова го ставил негов пријател кој го означил на Фејс и објавил дека Трајче рекламираше забави во овој негов локал за кој беше упорен дека ќе успее, и успеа.

Трајче Толевски пред извесно време објави слика од ресторанот кој е сега реновиран и почна да работи откако повторно се отвори. Го посети негов драг колега, кој луѓето кои коментираа на оваа слика го нарекоа царот.

Па имаше коментари, браво за царот, царот на музиката, браво за двајцата… А станува збор за Јордан Митев, кој дошол кај колегата да му направи чест и да го поддржи во бизнисот.

На сликата, иако е сликана во Ѓорче Петров пишува- Во центарот на Скопје, а Јордан и Трајче замезиле и се почастиле со домашна ракија- дуња што се гледа по шишето на масата.

Трајче мајка објави дека се споила екипата на „Мерак меана“, иако на Тв Сител веќе не се снимаат нови епизоди. Сега, оваа екипа се јави од едно друго место.

Имено, се одржал концерт во Македонската опера и балет во чест на Јонле Христовски, и таму пееле доста познати пејачи од нашата народна но и забавна естрада.

А, во публиката била и екипата на „Мерак меана“, што Трајче во видео го документираше на Фејсбук како што обично и прави кога се важни настани во прашање.

Ечела песната „Едно име имаме“, а Трајче и другарите ја запеале оваа преубава песна која ја испеал Јонче Христовски на времето, и е како химна на секој Македонец.