Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.
Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукција.
Секогаш средена, дотерана и стокмена е спремна да им пее на нашинците од целиот свет, па нејзините слики на Фејсбук се главно од настапите каде што го покажува својот изглед.
Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. Речиси секој викенд им е букиран, а се и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.
Уште еден доказ дека македонските фолк пејачи добро заработуваат е домот на Анета Мицевска и нејзиниот сопруг Џими од групата Молика, кои ги отворија вратите на својот семеен дом. Тие ја угостија екипата на Канал 5.
Во домот тие ги поканија сите членови на групата Молика и со песна и весела атмосфера ја дочекаа новинарската екипа Анета го покажа својот лукзузен дом кој и е совршено среден.
Од видеото имавме прилика да ја видиме пространата бела кујна во комбинација со црни плочки. Кај Анета дома се’ изгледа многу мазно и елегантно.
Можеше да се види и дел од дневната соба каде што е во кафеав стил и совршено ја има декорирано областа пред троседот и двоседот.
Продолжува на следната страна