Naslovna Zivot Викторија Лоба покажа дел од неа кој досега го нема покажано, еве...

Викторија Лоба покажа дел од неа кој досега го нема покажано, еве зошто изгледа толку добро (ФОТО)

Викторија Лоба во хорокоп е Вага која секогаш ја гледа светлината во секоја ситуација. Од грешките ги прифаќа само поуките.

Својата кариера ја започна на детскиот Евросонг. Шармантна и мила, секогаш украсена со својата насмевка Викторија Лоба ни откри дека нејзината мајка е животен темел на кој секогаш се потпира“, објави во една прилика Женски магазин.

За Викторија Лоба, минатата година беше најубава од многу причини, најмногу поради тоа што беше година на свадби во нејзиното семејство.

Таа и Ѓорѓи прво организираа романтична венчавка во црквата Свети Јован Канео во Охрид, потоа и свадба во Скопје, каде што Лоба запеа песни од нејзината родна земја, Русија, специјално за пријателите.

Во Охрид се омажи и нејзината мајка Татјана, за која убавата пејачка вели дека ѝ е најдобар пријател.

Викторија низ фотографии ни долови мал дел од нејзиниот новогодишно украсен дом, и ни раскажа за сите нешта и луѓе кои ја прават среќна- музиката, милениците, мајка ѝ и сопругот.

За него, Вики вели дека по свадбата, станале уште поблиски.

-Многу топли нежни чувства ми буди сеќавањето на венчавката, додека свадбата беше многу весела, но ми помина во еден здив. Сè, беше одлично така како што сум посакувала, би рекла свадба за мерак.

2022 година беше година на свадби во нејзиното семејство. Се омажи и нејзината мајка, исто така во Охрид. Викторија одговорила на прашањето: Како падна изборот за деверуша токму на неа и во какво сеќавање и е овој настан?

– Мислам дека ни тргна на сите после периодот со Ковид, и многу мои познаници исто така го чекаа овој период за да направат свадба.

Мајка ми имаше интимна, но сепак неверојатна свадба и секако јас бев една од деверушите затоа што ние не само што сме мајка и ќерка, ние сме најдобрите другарки. Мама ми е сè !

Мајка ми ми има дадено многу совети, но тоа не е она што ми останува во сеќавање, сите имаме свој пат и секако дека ги вреднувам советите, но можам да кажам дека некогаш сум доста тврдоглава.

Тоа што е највредното што сум го добила од неа е нејзината бескрајна љубов, топлината на нејзината прегратка. Е тоа е тоа што не може да се објасни со зборови зошто премногу величествено! Една е мајка!“, изјавила пејачката.

– Се будам околу 8:30 часот и секако прво нешто што правам е прошетка со моите кученца, а потоа им давам доручек.

После овие обврски можам и јас да се напијам едно кафе или чај и да ги прецизирам обврските за претстојниот ден.

Секој ден е различен, некогаш имам фотосесија, некогаш само лежам и гледам Netflix, а некогаш уживам во прошетка на Водно или низ Дебар Маало.

Секој ден – своја приказна“, кажала Викторија во Женски магазин.

Викторија Лоба стави едно стори во несекојдневно издание и ппокажа нешто што досега не покажала, тоест објави како го негува рамниот стомак.

Не станува збор за теретана, туку таа си кажа дека оди на третмани во кои си ужива и затоа нашата пејачка толку добро изгледа.