Naslovna Zivot Спремна за нов почеток- по разводот со Коки, Росана најави животна промена

Спремна за нов почеток- по разводот со Коки, Росана најави животна промена

Виолинистот Коки Јанков кој се прослави со дуото „Дуле и Коки“ по десет години брак се разведе, а ова во 2018 година го објавија повеќе медиуми.

Неговата сега веќе поранепна сопруга Росана Петревска која беше портпарол во АМСМ, во една прилика, додека беа заедно со Коки ја раскажа нивната љубовна приказна.

Се запознале кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Дуле и Коки и гостувале во емисијата „Утринско огледало“.

„Таа средба беше професионална и искрено од оваа дистанца никогаш не би помислила дека Коки ќе ми биде сопруг“, раскажала Росана.

– Во моите очи тие беа ѕвезди, а јас млада девојка која амбициозно си ја почнува својата кариера. По неколку години на иницијатива на мојот братучед излеговме со него во дискотеката „Б2“ каде што свиреа Дуле и Коки.

Само што влеговме во диското, забележав едно многу убаво момче, ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед.

Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав. Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него.

Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака: Здраво. Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој.

Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа години…“, раскажала своевремено Росана за Женски магазин.

– Она што ме импресионираше кај Коки беше тоа што тој беше и сè уште е одмерен. Како што велат старите: еден збор-еден алтан. Мудрите луѓе молчат.

Трпелив, упорен, кога ќе постави цел или ако нешто сака тоа сигурно ќе го направи само зависи од факторот време. Човек со енергија, амбиција, и ден денес ме држи цврсто до него.

Тој за мене е човекот кој ме учи во животот, и само тој знае да го скроти мојот темперамент и да влијае на мене. Само пред него и пред татко ми стојам мирно, е тоа е тоа“, рекла Росана.

А, инаку откако се се разведоа со Коки, таа се повлече од јавноста. Минатото лето, Независен весник го напиша овој текст за Росана:

-Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата.

Повлечена целосно од јавноста, многу малку се знае за неа по разводот со музичарот. Често е отсутна од државава и ретко може да се види тука. Таа со ќерка си Лара оваа година патуваше низ Европа.

Петревска важи за една од најубавите жени во јавниот живот, со искуство како заштитно лице на македонски моден гигант, претходно портпарол на АМСМ, а сега пред нов професионален предизвик.

– Бескомпромисна сум и не прифаќам изговори од типот „немам време, имам премногу обврски, имам деца…“ Жената е дама од своето раѓање и не треба многу време ниту пари за тоа да дојде од израз. Потребна е само желба.

Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате“, кажала Росана за Независен.

Росана сега се огласи на Фејсбук и кажа нешто интересно, тоест најави свој нов почеток кој според објавата на Фејсбук го вели следново:

-Со многу голема енергија, љубов и макотрпна работа, подготвуваме една меѓународна успешна приказна.

Чест ми е што во мојот тим се врвните професионалци кои секогаш се грижат да ме претстават најдобро што може и заедно да чекориме по патот на успехот. Зоран Шурбевски и Чедо Поповски.

-Светот е тука, само постави цел и таа се исполнува“, напишала Росана, а потоа споделила еден мудар цитат кој вели вака:

-Треба да го смениме обликот на нашата перцепција за нас самите. Треба да направиме чекор напред и да преземеме водство. Бијонсе“.