Влатко Лозаноски-Лозано нашит познат пејач во една прилика искрено зборуваше како останал имун на сите лоши работи кои ги носи неговата професија, музиката.
Тој изјави дека неговата професија воопшто не е лесна, а се присети и на неговите не толку лесни почетоци.
-Од Кичево сум одел со автобус да снимам во Тетово, снимам и со следниот автобус сум брзал за да се вратам“, рече Кичевченецот.
„Жртвата е многу тешка“, рече Лозано. Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт.
Влатко рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци. „Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент. На р коти -кот е публиката, таа ти дава екстаза.
Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест концерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано во емисијата Еден на еден.
Секогаш си имав некој ритуал сопствен. И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.
Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глeдам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!
Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика.
На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.
На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена.
Во друго интервју за Женски магазин, музичката ѕвезда искометрира дали повторно би одел на Евровизија, но раскажа и за неговиот прекар- Лозано.
– Искрен да бидам и имам, но и немам добро искуство од Евровизија. Би сакал нормално повторно да ја претставувам Македонија, но само доколку имам добра песна и добри услови за работа, за да сепак го оправдам моето учество пред публиката“, рече тој.
Девојките лудуваат по него, а го сакаат и децата и повозрасните и поради неговата музика, песни и скромноста. Влатко Лозаноски со прекар Лозано е несомнено нашиот најпопуларен пејач.
Лозано секогаш пее песни кои допираат во срце, а една таква е Километри, која поради своите стихови е хит во дијаспората. Лозано потоа испеа уште една слична песна која е посветена на љубовта, на реката Вардар и на Македонија.
Песната брзо стана хит во дијаспората, и многумина се пронајдоа во неа. И во спотот, тој раскажува пелчабраска приказна, во еден кадар мајка му го испраќа од родниот дом. Лозано во неа вели:
Знам како е да немаш, знам како е да немаш, во ладни утра, сиви чувства и само празнина без крај. Мој Вардаре ми кажи, колку ли криеш тајни, на луѓе приказни, тајни оловни, на дно заборавени.
Мој Вардаре, кажи ми, кажи Вардаре колку ли криеш во себе, вистини некажани. Кажи ми, кажи Вардаре, те молам кажи Вардаре еј со векови, колку ли солзи криеш ти, колку ли солзи криеш ти.
Хеeеј, први бакнежи, тажни разделби, на дното ги чуваш Вардаре“, вели оваа песна.
Лозано на Фејсбук сподели своја постара слика, и кажа дека по девет години, тој се враќа кај нашите иселеноцо во Австралија.
-Оваа фотографија е од претходната турнеја кога ја посетив Австралија. После 9 години, овој април, се гледаме повторно во Сиднеј, Мелбурн, Перт, а за првпат и во Волонгонг каде и заеднички ќе го прославиме нашиот голем празник Велигден.
Со нетрпение го очекувам моментот кога за првпат ќе ги испејам “Ми фали тој мирис на јоргован…”, “А сега љуби ме гушни ме јако, јако…”, “Жена како ти што знае да ме љуби..”
“Кажи да или кажи не…” и многу други убави македонски песни каде што можете да ги пронајдете на линкот и профилот на @vlatkolozanoski“, објави Лозано.