Таа е успешна и во соло пејачка кариерата која и донесе слава и титулата кралица на македонската забавна музика, и компонира музика за Македонскиот народен театар, филм и балет, пишува Biografija.org.
Стануива збор за Калиопи Букле, македонска поп пејачка и текстописец. Родена е на 28 декември 1966 година во Охрид. Таа е позната низ целиот Балкан и денес ужива статус на поп дива.
Редовно учествува на музички фестивали, а својата земја двапати ја претставуваше на Евровизија.
Во текстот кој за нашата Калиопи го напиша српскиот stil.kurir.rs, таа е опишана како македонската Марија Калас, и раскажана е целата нензина животна приказна, со најинтимните детали.
Во детството живеела со семејството во Кичево. Уште од најраните денови таа изразила наклонетост кон музиката.
Таа настапи на детскиот музички фестивал „Златно Славејче“ изведувајќи ја песната „Мојата учителка“. Тогаш пошироката јавност за прв пат го забележа нејзиниот голем талент.
Влегува во хорот „Развигорче“ и редовно настапува со него во периодот од 1978 до 1980 година, како во земјава, така и во странство. Истовремено посетувала часови по пеење.
Студирала на Музичката академија од 1984 година. Во исто време, таа освои престижни награди.
Калиопи беше пејачка во музичката група „Калиопи“. Во истата група бил и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил. Создадоа песни со кои учествуваа на бројни домашни и меѓународни фестивали, каде често беа наградувани.
Наградата за најдобра интерпретација им беше доделена на фестивалот во Опатија, додека во Тунис се најдоа на второто место како претставници на Југославија. Песните редовно се пуштаа на повеќе радио станици.
Првиот албум го издадоа во 1986 година и го нарекоа „Калиопи“. Истата година учествуваат на Сплитскиот фестивал, кога ја претставија песната „Да море зна“. Во 1987 година во Загреб излезе вториот албум на оваа група наречен „Роѓени“.
Албумот се состоеше од вкупно девет песни. Токму песната од која беше именуван целиот албум стана хит низ Југославија, а истата песна до ден денес не ја изгубила својата популарност.
Калиопи изјави дека не сака песна која ќе биде слична на нејзиниот хит „Роѓени“ или „Бато“ како што се нарекува и оваа песна.
Песната всушност е напишана во период кога таа се соочувала со тешки животни околности. Во песната се пее за копнеж, страдање и болка, чувства кои навистина ги доживеала во тоа време.
На врвот на својата слава, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг ја напуштиле земјата и се преселиле во Швајцарија.
Тогаш групата „Калиопи“ се распадна, а пејачката Калиопи десет години не беше музички активна.
Враќањето на музичката сцена го означи почетокот на нејзината соло кариера. Победила на Скопскиот фестивал во 1996 година. Таа победи и на Еврофест во 1997 година со изведување на песната „Не плачи“.
Во 1998 година го издаде својот прв соло албум „Oboi me“, кој го сними во Швајцарија. Албумот беше позитивно примен од нејзините фанови од различни возрасти.
Бидејќи беше сигурна во големиот успех на овој албум, таа сними видео зпотови за секоја негова песна, а сето тоа во соработка со македонската радио и телевизија. Следеа бројни награди, а албумот беше прогласен за најдобар во Македонија.
Во 2004 година, таа компонираше музика за претставите „Таа актерска куќа“ и „Танц на ноќните пеперутки во Ориент експрес“. Таа, исто така, напиша песни за други уметници.
Редовно одржувала концерти во Македонија и пошироко. Во 2005 година, таа одржа два концерта во Шведска. Како претставничка на Македонија на Евровизија 2012 го освои 12. место со песната „Црно и бело“. Таа во 2015 година повторно учествуваше на Евровизија со песната „Дона“ со која не се пласираше во финалето.
Таа соработуваше со Един Карамазов на неговиот албум на кој гостуваа големи светски ѕвезди како Стинг, Рене Флеминг и други.
Калиопи ги смета поранешните сопрузи за нејзини најдобри пријатели. Првиот брак го имаше со композиторот и текстописец Ромео Грил, со кој го има синот Пако.
Калиопи се спакува и летна од Македонија и се пријави дека е во една од најубавите европски земји, Шпанија, поточно во Мадрид.
На својот Инста профил, објави слики како ужива во прошетките низ овој град, а поводот како што кажа е евровизиска забава на која таа ќе гостува.