Naslovna Magazin Цеца за првпат проговори низ што сѐ поминала, пред да го роди...

Цеца за првпат проговори низ што сѐ поминала, пред да го роди Вељко

Цеца Ражнатовиќ во една прилика прозборела за својот упкоен сопруг, Жељко Ражњатовиќ- Аркан. „Се сеќавам на сите негови совети, а ги имаше многу. Ме научи како да го држам телото, како да држам чаша…

Бев многу млада кога го сретнав, мислев дека го испив целиот ум на овој свет, но исто така бев одличен ученик. Сакав да учам и слушам. Јас сум остварена жена, немам проблем со егото и суетата, така што можам да го кажам сето ова.“

Мајката на Жељко Ражнатовиќ – Аркан се упокои на 4 декември 2012 година во Клиничкиот центар во Белград.

Славка Јосифовиќ Ражнатовиќ го напушти овој свет на 87-годишна возраст, а како што рече нејзината ќерка, Јасна Диклиќ на денот на погр ебот, од денот кога го загуби синот, Славка чекала да почива до него.

Пред неколку години се шпекулираше каков однос имала Цеца со свекрвата Славка, особено по упокојувањето на Аркан..

Познато е дека често доаѓала во семејниот дом, дека децата биле врзани за неа, но се шпекулирало и за тоа дали е блиска со Цеца.

Славка на денот на венчавката на синот со Цеца на својата идна снаа ѝ подарила семејно наследство, а нејзините зборови ѝ денес се прераскажуваат:

– Ти го подарувам овој златен дукат, кој е од 1700 година. Од мојата прабаба, и од твојата прабаба.

Нека е среќен и долговечен бракот – рекла свекрвата и ѝ подарила на Цеца златен дукат, а години подоцна, како што налагаат обичаите, Цеца традиционално ѝ го подарила овој вреден подарок на својата снаа Богдана.

Неодамна во јавноста се појави нивната прва заедничка фотографија, со Цеца и Славка, како и со мајката на Цеца.

Судејќи по неа, двете имале убав и добар однос.

Мајката на Цеца лево, Цеца во средина и мајката на Аркан од десно на сликата.

Цеца Ражнатовиќ не присуствуваше на испраќањето на својата свекрва, бидејќи беше на турнеја во Австралија. Како што рече, да беше поблиску, ќе ја прекинеше турнејата, а наместо неа на погребот дојдоа нејзините деца Вељко и Анастасија, како и родителите на Цеца од Житораѓа.

– Бев погодена од веста за упокојувањето на мојата свекрва, но беше речиси невозможно да се откажат концертите, бидејќи би ги загрозила другите луѓе вклучени во нивната организација.

Да бев поблиску ќе ги одложев или откажав концертите. На погребот беше целото мое семејство, мајка, татко, вујко и моите деца – изјавила Цеца во таа прилика.

Цеца не крие дека со помош на медицината првпат останала бремена. Иако била многу млада, пејачката морала да побара стручна помош за да му го роди првото дете на Жељко Ражнатовиќ.

Цеца со раѓањето на Вељко во 1995 година го исполни својот сон да стане мајка, а неколку години подоцна отворено проговори за вештачкото оплодување.

-Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па се одлучив за програмата за ин витро оплодување во болницата „Народни фронт“ кај д-р Миленко Пророчиќ, кој е исклучителен стручњак.

Не ме интересираа предрасудите кои тогаш владееја во Србија, бидејќи повеќе од сѐ сакав да имам дете.

Мојот покоен сопруг апсолутно ме поддржа и учествуваше со мене во комплетната програма, иако беше очигледно дека нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца – призна Цеца во 2009 година.

Меѓутоа, со второто дете ѝ било многу полесно и Анастасија ја добила по природен пат.