Naslovna Zivot Вака збоpyвал Димче Мешковски за својата сопруга Маpица- Дац откpи лична приказна...

Вака збоpyвал Димче Мешковски за својата сопруга Маpица- Дац откpи лична приказна за познатиот актер

На 21 март се упокои Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист, кој овој свет го напушти на 77-годишна возраст.

Мешковски глумеше во Драмски театар – Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“).

Потоа, телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радиодрами и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мр товци“).

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Актерот Драган Спасов- Дац зборувал на ком-меморацијата која се одржала за Димче Мешковски во Драмски театар и тој својговор кој го споделил кај енго на Фејсбук, а гласи вака:

– Кога ќе ми замине некој близок никогаш не можам да срочам некоја реченица за неговото испраќање. А заминале и блиски и подалечни…

Тоа е затоа што јас не можам да се помирам со фактот дека тој човек повеќе го нема, дека треба за него да зборувам во минато време и дека веќе никогаш нема да го чујам и видам.

Мешко, глумците не умир-аат, глумците немаат години и глумците на своите матични сцени остануваат долго, долго по нивното физичко заминување.

Зад глумците остануваат нивните претстави, нивните филмови, тв драми, нивните штосови, анегдоти, нивните загрижени и насмеани лица.

Е таков те памтам, насмеан полн со дух, живот, енергија. Иако ги имаше сите болести на светот ти беше поздрав од сите и не се предаваше.

Помнам еднаш кога го праша Мичо Егеец кој беше јак и здрав како бик: Мичо! ти си бил од нешто болен? Мичо збунет те праша:

Како мислиш болен, сум имал грип некогаш. А јас тогаш те прашав тебе: Мешко а ти, има нешто од што не си бил болен…

Се смеевме, многу се смеевме и пиевме пиво, а ти онака шеретски со картите во една рака а со другата пивнуваше од пивото со крајот на устата. Правевме шеги и на туѓ и на наш рачун.

Долго знаевме да седиме во бифето и да разговараме, знаев скоро се за тебе а и ти за мене. Само девет дена пред да заминеш физички, се слушнавме и ти раскажував за се она што не можеш да го најдеш на интернет, а пратеше се.

Најмногу те интересираа случувањата во театарот. Се слушавме стално и знаевме да зборуваме со часови, навистина бевме како татко и син.

Ти беше вљубен во твојата Марица како првиот ден кога си ја сретнал, таа беше твојата убавица, поткрепа и ветер во крилјата. Ми велеше: Ако ме остави Марица одма ќе ум-рам.

Посебно беше горд на Наташа и нејзините успеси а и на Јасна која тргна по твоите стапки ама далеку од овде. Отиде да ги вратиш заедно со твојата сакана внука Леона, ама ти остана таму, таму во туѓината.

И знаеш што, мислам дека тоа прилега на твојот немирен дух. И не знам зошто велат да се поч-ива во мир, јас мислам дека и таму треба да се продолжи со исто темпо, онака како што човекот живеел на земјата.

Каков мир ти се молам ти не беше мирен човек. Се мислев што би ми одговорил на ова мое обраќање до тебе, и знаеш?.. Ќе ти кажам друг пат…“, стои во обраќањето на Дац до Мешковски.