Игор Џамбазов на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста која се емитуваше на ТВ, се присети на познатиот актер Марин Бабиќ, кој замина во вечноста минатата година.
– Марин ме бранеше кога сите ме напаѓаа. Не пие Игор, само му е голем цугот, кажал тој на Златна Бубамара на популарноста.
Тој исто така се збогува од својот колега и пријател Димче Мешковски, кој се упокои пред неколку дена и на својот Инстаграм профил раскажа и приказна за него:
-Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експ-лод-ираат спомени.
Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф.
Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари…“, напиша Џамбазов на Инстаграм.
Во една прилика, тој има напишано легендарна приказна за сојот дедео Петре Прличко,која се најде во една од неговите книги и оди вака:
– Дедо ми Петре денот го започнуваше со јаболко. Прво тоа, па дури после миење заби. Затоа и ум- ре со сите триесет и два заба на себе. Медицински феномен. На забар беше само еднаш во животот. А немаше ни тогаш да појде да не бев јас.
Се сеќавам дека таа, 1980-та година, заедно игравме во филмот „Учителот“ на Васил Ќортошев, приказна за животот на Григор Прличев, авторот на вонвременската поема „Сердарот“, нашиот прв поет лавроносец.
Беше крајот на февруари, почетокот на март. Само што му ја исе-коа ногата на другарот Тито. Снимавме во Охрид, а спиевме во Пештани, во хотелот „Десарет“. Цел месец.
И сè беше добро до пред самиот крај на снимањето. Тој ден снимањето се одложи поради големиот снег кој падна ноќта, па апсолутно беше невозможно не само да се снима туку воопшо то да се стигне од Пештани до Охрид.
-Дедо ми 5ре беше нерасположен уште на појадокот. Го прашав што му е, но не сакаше да ми каже. Знаев дека е хип-охо-ндрик, и тоа од најтежок вид, па можеше да се растрои ако кивнеше повеќе од еднаш.
За најобична главоболка беше подготвен да го бара Министерот за здравство. Сепак, на крајот ми се довери. „Да видиш што ми се појави на забот.“ Ај баш да видам“.
И што да ти раскажувам, пријателе мој? На врвот на еден од предните заби му се појавила точка. Повеќе личеше на дамка од кафе отколку на расипан заб. „Те боли?“
Го прашав, колку да го прашам нешто. Знаев дека тоа нешто не може да го боли. Но сепак, тој монтираше на себе една најзагрижена и најболна гримаса на лицето. Му реков:
„Да одиме на забар?“ Мислев дека ќе се буни, ама изгледа ептен беше исплашен, па прифати. Го викнав продуцентот и му се пожалив. Тој ни даде шофер, па со службеното комбе, по најголемиот снег, тргн авме за Охрид.
Тие 11 километри ги возевме повеќе од еден саат. Дојдовме до амбулантата, популарното охридско „Маларично“, па го најдовме дежурниот стоматолог.
Тој, пак, кога го виде дедо ми 5ре, прво се насмеа до уши, а потоа без да праша што е работата, му рече: „Чичко Петре, ај извади ги вилиците ако сакаш.“
Изгледа докторот си помисли дека проблемот е во нив, дека му се лошо наместени, па го јадат до болка. Стариот вам-пир се најде навреден, па почна со стисната тупаница да си ги удира забите и да вика по него:
„Мои се, дете, мои се забите…“ Повишениот тон кажуваше дека докторот многу го навреди. Твои се, бе вам-пир, твои. И никој не ти ги бара.
Дежурниот виде дека направи беља, па се обиде да ја смири ситуацијата. Го седна на забарското столче. Кога ги виде сите оние кабли, жици, дупчалки, пинцети и други опа-сни справи, дедо ми пребледе.
И се предаде. Ја отвори устата ширум. Дури тогаш забарот виде во што е работата. „Ништо, чичко Петре. Имаш малку кариес. Сега ќе те исчистиме со машинчево и готово.“
Сè што следуваше понатаму, пријателе мој, беше како скеч од „Бени Хил шоу“. Забарот дупчеше со машинката која го испушташе оној одв-ратен звук од кој сите се плашиме, а јас и уште три медицински сестри го држевме дедо ми.
Кој за рацете, кој за главата. Тој викаше и се тресеше како да му ги амп-ути-раат нозете во партизански филм. Тогаш животот му се скуси најмалку десет години.
Штетата беше поправена за неколку минути, ама тој офкаше уште десет часа. Тоа беше неговата прва и последна посета на стоматолог. На 73 години“, напишал Џамбазов за дедо му, големиот актер.
А сега, тој на стори шернал една слика од него, токму од својот дедо во помладите денови, а сликата всушност ја реобјавил по неговата внука Марија Прличкова.
Прличко е сликан на плажа, дојран во седумдесетите години и Марија оваа лсика ја опишала на следниов начин:
– Дедо 5-ре Прличко и баба Ратка Стојковска од Крива Паланка, сликани во Дојран, 70’тите. Ти благодарам @elenajurttutan на прекрасната фотографија од баба ти Ратка. Игор Џамбазов, види колку згоден бил дедо“.