Naslovna Zivot Спасе од Сител раскажа што е за него Антониа Гиговска во животот,...

Спасе од Сител раскажа што е за него Антониа Гиговска во животот, и како ја запознал и засакал

– Кога сум наутро на работа мојот ден започнува во 5 часот наутро, одам директно под туш, па пуштам кафе, се подготвувам и право во СИТЕЛ.

А кога сум попладне, станувам во 9 часот секако со истата рутина, плус појадок“, кажал во интервју за Женски магаизн нашиот позмнат Тв презентер и новинар Спасе Јовановски.

– Денот, па можа, да кажам дека ми трае 12 часа. Покрај работата во СИТЕЛ, задолжен сум за инстаграм профилот на Лила, и уште неколку профили кои ги водам во позадина.

Денот ми завршува со ТОТАЛНА мрачна соба и музика. А за викендите се трудам малку да поспијам“, открил тој за својот живот, а потоа кажал и по некој збор за Лила:

– Иако се познаваме 15 години, според нашата конекција се чини дека се знаеме цел живот. Јас ја запознав додека работев како новинар во таблоидот СВЕТ.

Тогаш измислив некој текст, па сакаше да ме тепа кога ме виде (се смее) и така по 15 години… Денес сме бизнис партнери, заедно работиме на нејзиниот инстаграм профил кој можам да се пофалам дека е најуспешен во земјава па и регионот.

Лила има сенс за бизнис, стил, ама буквално ја бива за сѐ, и сум среќен што токму таа е мојот ментор низ сиве овие години“.

-Во Македонија, нема ИНФУЛЕНСЕР тоа е залудно и присилно наметната дефиниција за оние што немаат што да прават со својот живот.

Тоа се онлјан продавачки, некој бренд таму, сака да се продава неговата роба, па сака да помине поевтино и ангажира некој лик, кој често има КУПЕНО следбеници (тоа лесно се проверува) и за кило сирење тие мислат дека се инфлуенсерки.

Која јавна личност има најгледана емисија 5 дена во неделата 11 години? Оние што соработуваат со неа ја зимаат Лила како заштитно кое стои зад нивниот бренд од кој прави успешна приказна.

Јавните личности во Македонија, мора да сфатат дека, јавната професија е ама буквално иста како на пример не знам оние што работат во маркет, локал, продавница, само што сме под окото на јавноста.

Доколку сте решиле да бидете јавна личност, гордо носете се со тоа, не може сите да ве сакаат, а и не треба“, изјавил Спасе во ова интервју.

А Лила, во една пеилика ила на Инстаграм објави нови фотографии каде што рекламира долна облека и навистина изгледа фантастично.

Таа до нив порача: Тајната на убавината е во деталите!Сензуален комплет изработен од раскошна тантела кој ќе ја нагласи вашата женственост.

 

Фототафиите од Лила всушност ги направи Спасе Рола Јовановски, нејзиниот ПР, кој работи во метео прогнозата на Сител.

-За мене, совршена жена е чиста жена. Кога можам јас во 5 часот да се бањам, можеш и ти да не се појавиш во јавност со мрсна коса, несредени нокти, згужвани алишта. Хигиената е на прво место, негуваната жена за мене е совршена“, изјавил Спасе.

На Инста стори, Спасе одговорал на прашања на своите следбеници, а едно од прашањата се однесувало на нашата позната пејачка Антониа Гиговска.

Спасе го прашале: Како се запозна со Антониа Гиговска, а тој одговорил на овој начин и ја раскажал приказната за нивната релација:

-Со Антониа Гиговска се запознавме и зближивме на едно заедничко патување. И од тогаш, она е мое мало жуто пиле“, стои во описот на видеото кое го шернал Спасе, а истото го споделила и Антониа на својот Инста профил.