Нашиот најпознат шоумен на сите времиња, Игор Џамбазов, истовремено е и актер и пејач.
Своите мултитаскинг способности, тој ги има покажано многу пати низ годините наназад, а на последната „Златна Буба Мара“, беше еден од највпечатливите ликови на сцената.
Игор Џамбазов во последно време е особено актуелен во медиумите, по раскинувањето на врската со неговата последна партнерка Илина Арсова, која замина во Америка.
Џамбазов, искрен како и секогаш, со своите фанови на социјалните мрежи, ги сподели своите емоции, а на Илина и посака многу среќа, иако повеќе не е со него.
Игор Џамбазов многу често знае да сними кратко видео со одредена порака. Знае и да запее, или да сподели промотивни содржини.
Игор Џамбазов е голем љубител на животните. Во минатото, речиси нема некој кој не го знаеше неговото мало кученце Бошко, кое Игор го вклучуваше дури и во неговите ТВ проекти како статист.
Последните години, Џамбазов чува мачка, а денес тој сподели интересно видео на социјалната мрежа Инстаграм и им се обрати на Анима Мунди!
View this post on Instagram