Мартин и Стефан од групата „Некст тајм“ гостуваа во подкастот кај Стефан Лазаров, и тој ги праша за разводот на нивните родители и рече: Не знам дали таа тема воопшто јавно ја имате зборувано..
Како на вас како деца тоа влијаеше- ги праша Лазаров, а потоа Мартин рече:
-Па, влијаеше како кај секое дете, си имаме некоја тра-ума од тоа. Кај нас реално можеби не се почувствува тоа многу. Бевме малецки и не дека не се сеќаваме на некои работи, се сеќаваме..
Меѓутоа ете, сме имале среќа да имаме мајка која што во секоја можна пригода била со нас… Ете, ѝ поклонивме и албум нели насловен „Мајка“ за неа, како голема балгодарност..
Ете стварно е она таа којашто не изгради како личности какви што сме денес. Тука се и, да не го заборавиме нашиот покоен дедо, којшто голем период од нашето детство не исчува.
Ние немаме некаква… Да не не сфатат погрешно луѓето. Татко имаме, жив е, меѓутоа не живееме заедно, не сме живееле заедно, ние сме живееле со нашата мајка.
Меѓутоа љубовта е тука према родителите на исто ниво, но мораме да ја издвоиме мајката, таа е таа која што не израсна, рече Мартин, а Стефан дополни:
– Иначе, татко ми живее во село Жван, таму се определи да си живее, си одгледува грав. 2008 година дедо ми беше болен и немаше кој да го чува, он се реши да оди во село и така и остана.
Не се пронаоѓа он никако во град, не знае каде е „Сити мол“, мислам знае каде е ама така е зборот, не сака такви работи, него го интересира мирен живот, селски живот, си одгледува кози, телиња.
Да ти кажам и ние често одиме во Жван, има прекрасен грав кој го прави тој, и Жван е познато место по гравот, некои викаат тетовскиот греав бил најдобар во Македонија, меѓутоа многу луѓе кои пробале грав од Жван, знаат за што збориме.
Така да, тоа, сега куќата ја направи, на лето идеме таму и тоа е тоа“, рече Мартин, а потоа Стефан Лазаров ги праша: Колку за машки деца улогата на татко во тој момент фалела?
-Види јас мислам дека секогаш се е со причина, искреирано од страна на судбината, или ете, Господ што ќе речел, како сакал- така.
Сметал дека ете после толку години- да сме растеле со двајцата родители, можеби нема да сме станале она што сме денес, затоа што имаат различни карактери.
Немаше да идеме кон нашиата цел, кон нашиот сон, а татко ми малце таков попатријахален, скептик. Интелегентен човек, образован, се, меѓутоа различни карактери се.
Е сега, има една добра случка. Помина нели „Бубамара“, добивме награда за албумот „Мајка“ и јас кажав на мајка ми ѝ го поклонуваме албумот и дека она е мајка лавица.
И дошол некој од селото го видел татко ми: Абе, што е ова со децава, не те спомнаа тебе, само мајка им. Не ми пререче премногу нервозно, само праша зошто е тоа така, меѓутоа јас му објаснив дека албумот се вика „Мајка“ и дека нема поента да речам фала за таткото“.
-Кога ќе се вика „Татко“, ќе го спомнеме“, рече Стефан по брат му, а Мартин додаде дека следниот албум ќе се вика „Татко“, а целото видео од овој разговор можете да го видите ТУКА.