За Силви и за Влатко Плевнеш, познати како Силво бенд приказни имаат многу. Но, малкумина знаат дека пред да почнат да пеат заедно, Силви и Влатко биле две години во врска.
Во тоа време Влатко свирел во групата „Тао” со најголемите ју-ѕвезди, Здравко Чолиќ, Вајта…, а Силви секаде патувала со него.
„Тоа време, кога одевме на турнеи низ Југославија, за мене е едно од најубавите во животот. Со Влатко уживавме и во патувањата и во љубовта”, се сеќава Силви.
Таа открива дека се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа дошла на студии од Ниш, а тој бил втора година.
„Цело време беше околу мене, каде и да се свртам, ќе се појавеше од некаде”, вели Силви, а Влатко додава:
„Ја бркав една година. Во неа беа заљубени сите студенти, па и професорите се вртеа по неа. Полесно ќе ми беше да го освојам Монт Еверест”, се шегува тој.
Иако се во брак речиси три децении и ја имаат ќерката Деа, која е музичар, на почетокот на врската не им било воопшто лесно.
„Само поради неговата упорност, но и затоа што мојата добрина ги смири, не дозволивме никој да ни ја уништи врската”, вели Силви, која во тој период храбро се носела со сите предизвици по тоа прашање.
Никој не може да ги смени луѓето, но нивната врска, љубов, семеен живот, покажаа во овие три децении дека Силви има квалитети на кои секој може да и завидува – без оглед на корените.
Влатко и Силви Плевнеш на музичката сцена се 30 години. Инаку „Ја излези стара мајко на пенџерето”, песна за која Влатко е емотивно врзан бидејќи раскажува приказна за девојка што во турско време живеела во неговата семејна куќа во Охрид.
„Песната има интересна историја, поврзана лично со моето семејство, а собата што се споменува, од каде што девојката го гледала Осман-бег како оди по калдрмата, е истата онаа соба каде што спиеме со Силви кога одиме кај моите во Охрид”, раскажал Влатко во една прилика за Репортер.
Деа минатата година била гостинка, но и соработник на вчерашната промоција на новиот албум на „Силви бенд“, „Како во сон“.
Деа на видео бим го пушти новиот спот на Силви и Влатко за темата, „Ја излези стара мајко“, преработката на македонската народна песна“, објави Женски магазин тогаш.
Среќна и задоволна, таа позирала со своите родители, и кусо изјави: Супер им е албумот.
Иако е медиумски помалку експонирана, Деа е исто така музичар, перкусионист и вокал, а своето музичко знаење го има стекнао во Холандија.
„Силви бенд“, раскажале приказна за својот упокоен пријател Драган Вучиќ, кој всушност ја има напишано нивната најпозната песна.
А Деа, комплетно и е посветена на јогата во животот, што покажуваат многуте објави на нејзиниот Фејсбук профил. Една од објавите која е јавна на Фејсбук кај неа вели:
Драги пријатели на гости ни доаѓа Бхакти Ананда Тиртха Махараџ .
Јас со нетрпение го очекувам неговото пристигање и топло препорачувам ако сте во можност да дојдете да искусите дел од неговите магични баџани и длабоки, инспиративни лекции“.