Naslovna Zivot Kако девојче е Зуица, Наум пресреќен покpај неа, се веcелат со yбава...

Kако девојче е Зуица, Наум пресреќен покpај неа, се веcелат со yбава причина (ФОТО)

Минатата година, порталите пишуваа дека магија, се случила кога на сцената на “Прилеп Фест” се појави Зуица Лазова и ја отпеа величенствената композиција “Богородице”.

Песна која никого не остави рамнодушен“, напиша Свет Австралија за нашата позната фолк пејачка која е инаку и професор.

Песна која ги погоди сентименталните души, мајчинските срца и модерните печалбари, песна која проговори за разделбата помеѓу најблиските кои во беспаќето на сур овата реалност бараат начин за да преживееат, а на крајот сфаќаат дека цената прескапо ја плаќаат“, стои во текстот.

Зуица дала интервју за овој портал, и зборувала на многу теми од нејзиниот живот.

– Богородице е дело на Александар Јовевски музика и аранжман и Борче Нечовски текст. Посебно задоволство ми причини сознанието дека кога Александар ја создал, веднаш помислил на мојот вокал и така направивме демо снимка која беше примена на “Фолк фест Валандово”, но се случи ко роната!

Кога повторно ја пушти Александар, беше одбиена! Сакавме да биде отпеана со голем оркестар и во живо, но ете на комисијата не им се допаднала вториот пат!

– Во едно време-невреме, кога се повеќе млади луѓе заминуваат од државава, песнава навистина го допира секое мајчинско срце. На сцена ја почувствував истата енергија како кога ја отпеав “Утринска коба”.

Публиката уште на првите стихови ја препозна и ја награди со громогласен аплауз и тоа е најголемата награда што можевме да ја добиеме!

Затоа сигурно ќе следи изработка на спот“, рекла Зуица. Потоа, таа зборувала и за својата работа како педагог, како професор по хрмоника во музичкото училиште.

– Како и да звучи ова, сепак ќе кажам дека педагошката работа секогаш ми била и ќе остане на прво место. Таа никогаш не е лесна, но е благородна и најубава за оние кои ги љубат и ги почитуваат децата и младите луѓе.

Затоа и долги години паралелно ги работам овие две работи. Талентираните деца се нашата мотивација што ни дава сила да работиме и заедно да одиме напред и да постигнуваме успеси.

Можеби ако не ја работев педагошката работа ќе постигнев многу повеќе на естрадата, но тоа немаше да бидам јас, немаше да бидам исполнета.“.

Зуица зборувала и за двете деца кои ги има со Наум Петрески, Македонка и Стефан, за кои има многу пати кажано дека се нејзината голема гордост и со Наум се трудат да ги воспитаат да станат добри луѓе.

– Македонка како физички, така и карактерно повеќе личи на татко и, а Стефан и во едно и друго на мене. Се повеќе се консултирам со Доне кога ќе отпеам нешто дали е добро или треба да се корегира, или кога ќе ми понудат песна, ми значи и нејзиното мислење“, рекла Зуица.

Зуица, заедно со Наум Петерски била на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, и го следела својот сопруг како пее од публиката.

А Наум, заедно со Андријана Јаневска ја испеал песната „Заветна“ од Пепи Бафтировски. Зуица објавила селфи со Наум и со Андријана и изгледаат многу весели на оваа слика.

Зуица имала супер стајлинг на оваа манифестација, интересен фустан во кој изгледа како девојче, а сликата ја објави Златна Бубамара на својот Фејсбук профил.

На сликата, Зуица и Наум се на нозе, заедно со Андријана и со Наум Петрески, а уживаат во настапот на нивните колеги ДНК кои ја пееле песната „Ако утре ме нема“ со Џамбо Агушев и неговиот оркестар.

На снимката на ТВ се гледаше дека Наум и Зуица, заедно со Андријана биле топ весели гости во публиката и станале да играат.

Највесели биле кога пееле ДНК, како и нивните колеги Блага Петреска и Ефто Пупиноски кога од почеток до крај пееле и играле со нив.

Фото: Златна Бубамара на популарноста/Фејсбук