Naslovna Zivot Јордан Митев пак врти нова страница, од почеток- раскажа какви новости има...

Јордан Митев пак врти нова страница, од почеток- раскажа какви новости има кај него

Јордан Митев е еден од оние пејачи кои многу ја сака и ја почитува, а богами и добро ја пее и ја свири македонската музика.

– Па имам неколку навистина успешни песни. Некои песни созреваат брзо и стануваат слушани во моментот на нивото издавање. На некои пак им треба време и прав момент..

 

Некогаш тој прав момент песната може го чека со години, како што е примерот со песната Ај што мерак имам бабо која е стара радовишка песна.

Оваа песна од секогаш се пеела во радовишкиот регион, но кога јас ја обработив песната доби друга диманзија. Тоа не е пример само со таа песна, има многу песни што оживуваат дури по 10, 20, 30 па и повеќе години од нивното создавање.

Зошто е тоа така, немам точен одговор. Едноставно некогаш коцките се местат, а некогаш не, колку и да е песната добра. Нема дефиниција за хит. Понекогаш тоа е и среќа затоа што ете така треба да биде.

Како изведувач и комплетен автор, јас се потрудив и се трудам да направам квалитет, барем според моите критериуми за квалитет.

Што од тоа ќе се издвои и ќе стане песна за повеќе години и повеќе генерации ќе видиме, времето и публиката ќе покажа“, изјавил Митев за muzichkiregistar.com

Повеќето професионалци и музичката фела што ги креира и интерпретира песните од другите жанрови (не фолк) имаат уште многу да учат од оние што го третираат фолк жанрот.

Ова се однесува кога станува збор за присутност на светските онлајн продавници како на пример Дизер (Deezer) и Спотифај (Spotify).

Некои од изведувачите и авторите допрва го откриваат овој аспект од музичката индустрија и модерниот свет на светската музичка индустрија, а Јордан Митев има свои изданија на споменатите платформи уште од 2012 година.

– Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет, нови луѓе“, рече во една прилика во интревју за Радар Јордан Митев.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 17-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално.

На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.По многу патувања“.

За мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец“, рекол Митев.

Јордан Митев, на 16 април ќе пее во Швајцарија, за нашите иселници по повод големиот христијански празник Велигден, а тој на неговиот Фејсбук профил ги најави деталите:

 

-16.04.23 ШВАЈЦАРИЈА „Прослава по повод големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН во организација на македонската православна црква Св.Наум Охридски во Triengen. Stadthalle Sursee, St. Urban-Strasse 5, 6210 Sursee“.

Јоран, е секогаш искрен со својата публика и сите кои го следат, па така на својот Фејсбук профил објави за новостите кои го очекуваат и рече дека врти нова страна, од почеток.

-И пак, нова страна, од почеток…Нова песна, со видео што ќе го снимам во Швајцарија. За сите мои фанови!“, стои во оиписот на сликата на Митев.