Naslovna Zivot Горан Алачки раскажа приказна за својот татко, тој бил многу важен човек

Горан Алачки раскажа приказна за својот татко, тој бил многу важен човек

Горан Алачки, како што е познато живее во селото Владимирово, беровско, и во својата куќа има отворено музичко училиште и културен центар.

– Културниот центар е една модерна куќа во етно стил, или подобро објаснето- хотел со пет современи апартмани и етно дневна соба- ресторан, сместена на ритчето.

Од неа излезе срдечниот и насмеан сопственик- маестро Горан Алачки, кој нѐ пречека со специјалитет ликер од бозел.

Неговата Марина со лепче со масло “Хунза” за “добредојте”, како што ги пречекуваат на нивните семинари бројните ученици од странство“, има напишано во својата репортажа новинарката Валентина Ѓоргиевска за медиумот kulart.mk

Глетката на идила како од вилерови гоблените ме задржа во дворот.

Наспроти оваа преубава куќа сместена на ритчето се наоѓа друго ритче идентично на ова, на кое се распослала лединка, од страна една китка дрвја на тивкото ветерче размавтува со богатите крошни.

Од десно е училиштето во кое годинава не се запишал ниеден ученик, а погоре двете цркви- старата Свети Спас и манастирот Свети Илија, а над нив само небото и облаците ја поздравуваат оваа недопрена природа и божествен мир.

Додека седиме и во дворчето се запознаваме со славното минато на Владимирово, пред нас се веат знамиња на разни земји.

Не може и не смее да се седне додека не се проба од превкусните зелници со праз и со блитва, од специјалитетите кои ги подготвила тетка му на Горан, неговата втора мајка, тој неодамна се збогува со мајка си и е доста емотивен…

Потоа од слаткиот беровски компир кој Горан лично нѝ го послужи,од врелото котлето, во кое ги вареше на тивок природен оган во дворот, од баклавата на малешевски начин…

Од ликерите на скопјанка која по пензионирането живее таму и прави лековити џемови, слатки, ликери, од природни состојки.

Присутните беа емотивно затекнати од говорот на Камелија Левенска, негова прва братучетка, а и самиот Горан.

Тој по неа со кнедла во грло и насолзен продолжи да нѐ поздравува на свој начин, најдобро тоа го направи со хармониката, во придружба на етнокореологот на кавал, малешевецот Методи Скендерски Скендерски.

Славеите од Струмица Ленче и Горан Кукиќ влетаа како изненадување и ги испеаја “Лино Севдалино” и “Јовано Јованке”, собраа силен аплауз и си заминаа.

А маестро Алачки ни објасна дека оваа песна е најпеана и најпосакувана поради едноставната мелодија која е маестрална“, напишала во својата репортажа Ѓоргиевска минатата година.

Тој неодамна на Фејсбук го покажа погледот од својата куќа и напиша: Над виножитото, и се гледа дека на нашиот познат музичар му годи идилата во која живее.

Алачки многу патеше по загубата на својата мајка, а сега за првпат јавно покажа слика од својот покоен татко и раскажа приказна за него.

– Полковник Благој Алачки….. Мојот татко.. Тој е тој… Човекот што го прими во името на АРМ, аеродромот Петровец од Српската војска..“