Naslovna Zivot Баже Грујовски и Ирена како да се студенти, никој не би им...

Баже Грујовски и Ирена како да се студенти, никој не би им ги дал овие години (ФОТО)

Иако по потекло е од Лазарополе, а е роден во Белград што малкумина знаат, Благоја Грујовски е роден во Скопје. Во една прилика, за Скопско ехо, тој зборуваше за тоа што за него значи Скопје.

На познатиот музичар и новинар на Скопје најмногу му асоцира централниот дел околу камениот мост, кој како што вели сега е некако фрлен во втор план…

Што Скопје ти даде тебе, а влијеше на твојата личност и ставови?

– Е, тоа е нешто друго. И Скопје ми даде, а јас си зедов, колку што можев да понесам. Најмногу од се ме научи, да слушам и да гледам. Да разликувам. Скопје има градско школо кое можеби не е најдобро на светот, ама, за тука, е корисно.

Што ти недостасува во градот, а што би одземал?

– Недостасуваат многу нешта и би исфрлил уште толку, но кусо: Мене најмногу ми недостасува простор, чист воздух и универзална сала.

А, би демонтирал некои интервенции во и околу Вардар вклучително и панорамското тркало од 18. милиони евра, ако го направат. Во какво Скопје сакаш да живееш?

– Сакам да живеам во чисто Скопје без екстремни загадувачи, со брзи проодни улици без сообраќаен хаос. Знам дека е можеби многу, но треба да се стремиме кон таа цел“, рече Грујовски во ова интервју.

Иако како млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк. На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен.

Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна.

“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.

Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените. За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.

„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, дискретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот за „Репортер“.

Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.

„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, вели Баже.

Во 2009 година Благоја Грујовски се ожени со 20 години помладата Ирена. Тие беа во врска 2 и пол години и Ирена беше во шестиот месец од бременоста на свадбата.

Ова е втор брак за пејачот и прв за Ирена. Својата приватност тие скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет. Заедно го имаат синот Марко.

Благоја е татко на два сина, Матеј е постариот, Марко помлаиот, и е исполнет со обврските околу снимањето на емисијата Везилка.

Оваа емисија, тој ја води заедно со Ирена Спировска и со Адријана Алачки, а шетаат секаде низ Македонија и ги прикажуваат локаните специјалитети и традицијата.

Во сетмеври минатата година тој прослави роденден, и тоа 60-ти. Изгледа одлично, топ се држи, а роденденот на Фејсбук му го честитапше неговата колешка Адријана Алачки со овие зборови:

-Баже да ги везеш годините со најубавите бои, да траеш , да бидеш здрав и насмеан…Среќен роденден другарче“.

А на новата слика со Ирена Спировска, и двајцата личат многу помлади. Ирена е топ дотерана во долг фустан, а Баже ептен елегентен.

Ирена пак изгледа како девојче, а таа ова лето треба да напилни 49 години, а таа со години води сметка за линијата и за здравиот живот.