Naslovna Zivot Тања Кочовска облече мини сукња и направи репчиња- ретко издание на нашата...

Тања Кочовска облече мини сукња и направи репчиња- ретко издание на нашата актерка (ФОТО)

– Засмејувањето на другите спаѓа во моја професија и тоа се учи на факултет и на сцена преку искуство, а јас веќе 30 години сум присутна таму.

Ова го рече во едно интервју за pluspharma.mk нашата позната актерка но и одлилчна пејачка, Тања Кочовска, која ја сакаат сите генереции во Македонија.

– Обично бабите велат: Моето вну­че како глуми, па тоа е го­тово за кај вас во театар. Јас на тоа велам: Во ред јас ќе го земам кај мене во театар, ама мене нека ме земат на хирургија, бидеј­ ќи сум одличен хирург…во претстава.

Многу луѓе не ја разбираат оваа про­фесија. Да, јас сакам да ги засмејувам луѓето, но во суштина ние што успеваме да засмејуваме, од друга­ та страна ситуацијата ни е малку тажна.

Знаете, од комедија до трагедија има само еден чекор. Не ве­ лам дека кај мене ситу­ ацијата е трагична, но знам да бидам тажна и чувствителна, а тоа луѓе­ то тешко го препознаваат.

Многумина мислат дека јас и вон работното време треба да сум ведра и на­ смеана. И еден Чарли Чаплин кој го засмејувал цел свет, во суштина бил многу тажен.

Сакам да кажам дека оној што од­ брал да го засмејува све­тот, сака од тоа да од­ мори, едноставно да ја врати устата на место.

– Ќе излажам ако речам де­ка не сум забележала де­ка аплаузот станува по­ гласен и се надевам дека тоа ќе остане така.

Многу години се трудев да го постигнам тоа, едноставно работев на тоа да и биде пријатно на публиката кога ме гледа на сцена, да го почувствува тоа што го играм на сцена и да биде дел од тоа до крај на прет­ставата.

Тоа ми беше и идејата и желбата и цел­та, јас не сум семоќна ак­ерка, но она што го мо­жам, верувам дека го ра­ботам коректно и поради тоа публиката ме награду­ва.

До ден денес учам од постарите колеги кои што ми го даваат тој бесплатен занает, но без никаков проблем учам и од помла­дите кои се навистина та­лентирани и добри актери.

Оној што е паметен, ќе знае како да го искористи талентот од колегите во своја полза. Сакам да работам на мју­зикли, плус знам да пеам, но за тоа треба многу ра­бота, многу кондиција.

Одиграв во два мјузикли и мислам дека добро го пра­ вам тоа сега за сега, доде­ка ме држат нозе. Што се однесува до филмот, за мене тој е потуѓ поради начинот на работа.

Во „Пред дождот“ со Билјана Танески глумевме сестри босанки. Во тоа време, многу се дружев со Ленка Удовички, тоа е сопругата на Раде Шербеџија.

Паме­там дека плачејќи отидов кај Раде да поразговара­ ме за тоа како се игра пред камера, затоа што бев исплашена. Па така со Раде поработевме пред снимање, но тој дел од филмот отпадна.

После години соработував со Владимир Блажевски, на „Година на мајмунот“ сле­ дуваа и неколку кратки улоги како во „Преспав“ меѓутоа не се чувствувам сигурна, даските ми се по­ сигурни.

Театарот ми е она вистинското, таа голгота, солзи, пот, нерви, снага, и кога премиерата ќе поми­не како што треба, веднаш се се заборава. Сепак, не ја исклучувам можноста да работам со добри режисери од кои знам дека ќе научам многу“, изјави Тања.

Тања Кочовска објаи една своја слиак каде што е во мини сукња, на главата има две репчиња, и е облечена во бела маичка, а на неа пишува Росица 69.

А тоа е всушност потсетување на времето кога Тања пеела на манифестацијата „Глумците пеат“, а таа манифестација годинава пак се возобновува на 20 април.

Дали Тања со ова сака да каже дека пак ќе пее на ова шоу, или само се сеќава, останува да видиме, а Тања како што знаеме е секогаш многу забавна.