Naslovna Magazin Тага во домот на Славица Чуктераш, пејачката скршена од болка: „Утрово еден...

Тага во домот на Славица Чуктераш, пејачката скршена од болка: „Утрово еден повик сѐ смени…“

Пејачката Славица Чуктераш која се прослави по учеството во „Гранд“ моментално живее со својата ќерка во Нови Сад, а многумина се прашуваа од што живее сега, бидејќи панде мијата се одрази најмногу на музичарите.

Иако не ја навела финансиската состојба, пејачката признала дека го има луксузот во одредени денови да лежи и да не прави ништо.

„Се заљубив во Нови Сад, таму се роди моето дете и го прифатив како мој град, кој добро го запознав и се забавував во него.

Кога Викторија е со мене, кога не е со татко ѝ, станувам во 15 до 7, пијам брзо кафе, ја спремам за во градинка, па ја носам кога ќе се вратам го шетам кучето и после ми почнуваат обврските.

Секогаш имам што да правам. Ама кога нема тогаш се излежавам по цел ден, на никого не се јавувам“, рекла Славица и додала дека нејзината наследничка ги собрала и мамините особини, но некои и од тато.

Иако не сака да зборува за својот емотивен статус, таа призна дека моментално нема партнер, и дека ѝ недостига, но сепак се навикнала на осаменоста.

„Мојот љубовен статус е во минус, да не дојдам на нула и да не зборувам за плус (се смее). Сѐ уште не гледам некој што би можел да ми го привлече вниманието на тој начин.

Можеби ми недостига понекогаш, но најлошото е што сум навикната на осаменост. Тоа малку ме плаши.

Знаете што велат постарите, никогаш не прашувај, не брзај, само ќе дојде, а ако дојде, кога, но ако продолжи вака – нема“, заклучила пејачката.

Имено, додека беше во „Гранд“, таа беше миленичка на Саша Поповиќ и заедно со Тања Савиќ беа омилените учеснички во ова популарно шоу.

Многу години подоцна учествуваше и во друга шоу програма. Станува збор за шоуто „Твоето лице звучи познато“, во кое Славица беше натпреварувачка во 2016 година, но таа го напушти шоуто откако дозна дека е бремена.

Пејачката се присети на ова натпреварување и на настапот на кој ја имитираше Весна Змијанац – во тој момент таа веќе беше во блажена состојба, без воопшто да знае.

Сепак, нејзината колешка, пејачката Ивана Петерс, која исто така се натпреваруваше, беше сигурна дека Славица е бремена.

„Додека го пеев ова, концентрацијата мораше да ми биде многу висока, за да не го исфрлам желудникот на сцената.

Ивана, те сакам. Бекстејџот го делев со Ивана, седевме таму со часови додека јас кукав за како сѐ ми пречи, а маската ми смрди.

Не знаев зошто ништо не ми одговараше, не знаејќи дека сум бремена. Тоа само Ивана го знаеше и без тест поради моето однесување“, напиша Славица на социјалните мрежи.

Во март 2016 година ја напушти споменатата шоу програма, а во октомври истата година се породи и ја роди ќерката Викторија која ја доби со голманот Владо Аврамов од кој подоцна се разведе.

„Првата работа што решив за неа беше да не ја изложувам на медиумите, затоа што можеби ќе одлучи да се зафати со работа каде што не сака луѓето да ја знаат.

Нејзиниот живот го оставив во нејзини раце, да ја воспитам така. Ако сака да се занимава со јавна работа, природно е јас да застанам зад своето дете.“

Пејачката Славица на Инстаграм ја сподели тажната вест дека се упокоила нејзината баба.

Славица ја сподели нивната последна заедничка фотографија на која ја држи за рака својата нана.

– Нашата последна слика, кога те фатив за рака, те гушнав и ти реков: „Нано, сѐ е ок“. Утрово еден повик ми го смени „ок“ – напиша Славица, збогувајќи се со неа за последен пат.

– Нано моја, почивај во мир, те сака внуката Славица.