Naslovna Zivot Перо Антиќ и Катарина се огласија откако се напиша дека раскинаа- еве...

Перо Антиќ и Катарина се огласија откако се напиша дека раскинаа- еве како и двајцата „се тешат“

Катарина Ивановска е една од нашите најсупешни манекенки и познат фото модел и тоа во светски рамки, а во еден период од својот живот, таа има живеено во Њујорк.

Кога завршив средно школо прво што сакав да студирам беше политички науки, но тогаш кариерата ми тргна по нагорна линија и морав да ја искористам шансата која ми се пружи.

И гледано од оваа страна сега никогаш не би се занимавала со политика во Македонија“, рекла Катарина во едно интервју за НМД.мк а потоа додала:

Со редовно вежбање и нормално здрава исхрана, но и гените наследени од мојата фамилија играат главна улога, така што не ми е потребно многу време за да се вратам во форма после новогодишните празници и преполните трпези со вкусна храна..

Вежбам секој ден и секој ден различни вежби за да ги разбудам и најмрзливите мускули на телото“, кажала Катарина за својата добра форма.

Секојдневно пијам различни витамини за кожа, коса, нокти и нормално избегнувам мрсна храна, богата со лоши калории. Млечни произоди не јадам и леб и се’ што содржи бело брашно.

Пијам доволно вода, но јадам и многу овошје и зеленчук, а самите продукти содржат вода“, изјавила таа за НМД, а дека се грижи а својот изглед, тоа е видлив факт.

-А крвна група сум и морам да признам дека дури и сум била на диета според крвната група, имав одлични резултати.

Не само диета според крвна група, туку мислам дека сите можни диети за кои сум прочитала сум ги испробала, понекогаш се нарекувам бело глувче“, додала оваа убава жена, мајка на све деца.

– Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Немав што да елиминирам, бидејќи немав масни наслаги и килограми што се над потребното за здрава бременост. Мојата генетика и овој пат беше мој сојузник.

Инаку, морам да ви признаам дека најгурмански се однесував во првите денови од бременоста“, рекла Катарина за Слобоен печат, кога го родила второто дете.

– Знаете, кога имате среќа во оваа професија да бидете одбрани за работа во неа, тоа значи дека имате нешто што им треба.

Не мислам дека само убавината беше пресудна за нив, она што сите го забележаа е вродениот талент за оваа работа и мојот професионален пристап. Имав среќа да бидам во тој момент она што на високата мода ѝ треба“, изјавила таа.

До неодамна, а во поселдниве три години наголемо се пишуваше за љубовта помеѓу Катарина и Перо Антиќ, новоизбраниот претседател на КФМ.

Тие никогаш не ја коментираа својата врска, но заедно се имаат појавено на повеќе настани, а еден од нив е премиерата на филмот „Кајмак“ минатата година.

Но, по се изгледа толку беше од големата љубовна романса помеѓу поранешниот кошаркар и актуелен претседател на КФМ – Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска.

Барем така веќе некое време се зборува низ градските кулоари, а ако судиме по нивните профили на Инстаграм, парот дефинитивно не е повеќе заедно, зашто се отследиле, објави Убавина и здравје.

Откако повеќе медиуми ја пренесоа веста дека љубовната помеѓу нив завршила, се огласија Катарина Ивановска и Перо Антиќ, секој на свој начин.

Катарина објави каде ја празни енергијата, како посветено вежба кај нашиот познат фитнес тренер Мирко Петровски, и тоа стомачни вежби.

А Перо пак „се теши“ на друг начин. Тој објавил стори од e-tron GT, најновиот модел на автомобил од марката Ауди, и изгледа дека Перо сака да се почасти со една ваква скапа „играчка“.

Да или не- напишал тој до оваа слика, а инаку тој е познат како колекционер на убави автомобили со години наназад.