Naslovna Zivot Ноќе пее, а дење работи во државна институција, еве во која- Ѓоко...

Ноќе пее, а дење работи во државна институција, еве во која- Ѓоко Танески има необична животна приказна

Еден од напите најдобри пејачи е Ѓоко Танески, кој живее во семејството во својот роден град Охрид. Во една прилика, за порталот OhridNews тој зборуваше за своето семејство и спомените од детството.

– Во нашиот случај мајката е таа што е построга со децата, а јас сум оној кој повеќе попушта. Така сме некако поделени.

Ќерките ми се слаба страна и тие ме „фаќаат“ на тоа“, рече Ѓоко за сопругата па зборуваше за своите браќа и за сестра си.

-Многу сме блиски, особено со братот кој живее во Охрид. Другиот веќе неколку години живее во Дубровник. Сестрата живее во Богданци, но и со неа сме нон- стоп на телефон или пак се посетуваме.

По децениска потрага, познатиот македонски пејач Ѓоко Танески пред 12 години ја пронајде својата сестра Елена Соколова. Со двајцата браќа ја барал од моментот кога дознале дека имаат сестра.

Сега се поголемо и побогато семејство. Среќни се. Редовно се дружат, блиски се. И Ѓоко и Елена велат дека може да ги разберат многутемина што преку социјалните мрежи си ги бараат биолошките родители, роднини, оставените деца…

Тоа е потреба, порив, велат. Не се опишува лесно со зборови и целосно може да го разбере само оној што го почувствувал“, објави Факултети.мк во една прилика.

Првпат дознал дека има сестра на 21 година, кога починал татко му. Елена тогаш имала 32 години. Му кажала тетка му, по еден ден откако го погребале татко му.

– Планирала да ми каже. Елена ни е сестра и по татко и по мајка, а се родила додека не биле во брак. Поради низа околности, не можеле да го чуваат девојчето и го дале во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

По една година отишле да си го земат, но тоа веќе било посвоено. Не им давале никаква информација за него, иако упорно барале – вели Ѓоко. Откако дознал дека има сестра, разговарал со мајка си.

– Веднаш ми потврди. Тоа се тешки разговори, многу емотивни и вознемирувачки. Ми ја раскажа приказната во која се судираат многу фактори, па и менталитетот и традицијата меѓу нив.

Со браќата почнавме со потрага, но немаше резултати – вели Ѓоко. Дека сестрата му живее во Богданци, Ѓоко дознал години, во 2011 година.

До информацијата стасале случајно, преку познајници, по што се поклопиле сите податоци што ги знаеле. Откако Елена се согласила да се слушнат, Ѓоко веднаш ја побарал.

– Првата средба… Излегував од просторијата за да земам воздух зашто ми снемуваше додека седевме. Замислете која е среќата кога ќе си ги запознаеш и сестрата и двете внучиња, кои веќе беа момче и девојка – раскажува Ѓоко.

Кога ќе помислам на детството, прво што ми паѓа на памет се одморите на дивата плажа во Љубаништа, каде одевме како мали со нашите родители. Засекогаш ќе ми останат во сеќавање тие убави моменти“, изјави Танески за Охрид њуз.

Инаку, Ѓоко Танески е последен во низата „забавњаци“ кои се свртоа кон корените и инспирација најдоа во етно-музиката, но и во класичниот фолк.

По Каролина Гочева, „Некст тајм“ и Бени Шаќири, сега и познатиот охриѓанец одлучи на фановите да им понуди сосема поинаква музика која најчесто подразбира и поголема заработувачка.

Идеја да сними нешто поразлично, Танески имал од поодамна. Не сакал обработки, туку авторска музика, градски, чалгиски теми со модерни аранжмани.

Така и се случила соработката со Никола Мицевски и рефренот „Една љубов имам“, песна за која стиховите Танески самиот ги напиша.

– Поп-музиката не се цени како порано и затоа сакам да создадам нешто што ќе остане, да се слуша и по дваесет години.

Ние пејачите мора да бараме алтернатива, но тоа не значи дека сакам да се повлечам од препознатливиот комерцијален звук – изјавил тој за Женски магазин.

Пејачот Ѓоко Танески во младоста сменил повеќе професии. Пред дваесетина години работел како шанкер, келнер и таксист. Во една прилика призна дека добро се снашол на овие фронтови и дека и денеска не би се срамел повторно да го работи истото.

Ѓоко Танески гостуваше во Утринската програма на Телма, телефонски од Охрид, каде што водителите го разбудија и разговараа за неговите утрински навики. Пејачот рече дека тој е обично спанко.

-Охрид наутро речииси никогаш не го гледав, а сега откако одам на работа го гледам. Мирно е наутро нема бранови и многу е убаво да се испие кафе наутро кога ќе се отворат локалите.

Јас станувам 5 минути пред да тргнам на работа адецата во школо“, рече Ѓоко во таа прилика.

Потоа тој откри каде всушност работи, тоест откри водителот Ненад кој рече: Последнава година работиш во Општина Охрид.

Ѓоко тоа го потврди и рече дека убаво што го разбудиле затоа што порано ќе се појави на работа каде што наутро прво пие зелен чај со мед.

Инаку, потоа тој рече дека за викенди знае да поспие подолго затоа што има настапи навечер.