Naslovna Zivot Јован Јованов откри дека се развел со сопругата во Канада, и отворено...

Јован Јованов откри дека се развел со сопругата во Канада, и отворено раскажал во какви односи се сега

Познатиот продуцент и композитор Јован Јованов, кој од 2015 година живее во Канада, минатата година дојде е на одмор дома во Скопје, и уживал во средбите со блиските.

Јованов во Торонто работи како музички продуцент, а има и свое фото-студио кое го изнајмува на професиоанлни фотографи за фотосесии. Неговата ќерка Малеа сега има десет години, објави Женски магазин.

За своето детство, со оглед на средината и условите, вели дека било убаво и среќно. Сите сеќавања од тој период, ги поврзува со убави моменти, и се разбира, со музиката, како дел од неговото рано детство.

Јован вели дека татковството внело промени во неговиот живот, а ова го обајви Слободен печат.

– Нормално дека ме промени позитивно. Тоа е и целта на животот да станеме подобри луѓе, а татковството и те како придонесува за тоа, потенцира Јован.

Успехот како композитор и менаџер на многу музички имиња во Македонија, на Јован му одеше како од шега. Пред да замине од татковината, го „откри“ Слаткар чија кариера ја менаџираше беспрекороно.

– Многу артисти почнаа со мене, иако некои не ги менаџирав. Слаткар ми беше голем предизвик. Ми се допаѓаше неговата визија во која јас се пронаоѓав и самиот, па на неговата кариера работев исто како да работам за себе.

Постојно сме во контакт и многу често зборуваме за македонската музичка сцена, но и за неговата кариера, вели Јован за Вечер.

-Првите стихови ги напишав кога имав 10 години. Од тогаш музиката и компонирањето ми станаа моја прва љубов. Од 16 години веќе почнав да заработувам и живеам од музика.

Од тогаш љубовта ми стана работа. Тоа беа годините кога со групата „Магија“ постигнав популарност, доживеав успех кој не беше секојдневен за моите врсници.

Животот ми се смени комплетно. Учев и работев. Одев на часови а одев и на состаноци. Имав визија и план и го правев тоа што го сакав. Додека студирав го отворив и моето прво студио за создавање и снимање на песни.

Бев најмлад кантавтор што победил на Макфест во 1998 година и најмлад композитор што ја претставувал Македонија на Избор за песна на Евровизија во 2004, со песна во изведба на Тоше Проески.

Започнав и соло кариера но, 90% од моето творештво беше за други изведувачи. Уметноста кон создавањето на музика со модерниот звук беше мојот приоритет.

-Отворив и продуценска куќа и бев менаџер на Слаткаристика, Next Time, Елвир Мекиќ, Тони Зен и други. Огранизирав преку 30 концерти на познати Балкански Sвезди.

Со тек на време осетив дека повеќе сум насочен на бизнис а не на музика. Се повеќе се одалечував од мојот сон и мојата мисија. Тоа и беше една од големите причини зошто пресеков се.

Ги затворив моите две фирми и решив да заминам и да се посветам на тоа што најмногу го сакам. Во 2014 заминав во Холивуд да учам за саунд инжинер.

Сакав да го усовршам моето знаење и да го запознаат правиот музички бизнис. Квалитетот е најважен. Секоја песна треба да се прави со љубов и со голема страст. Публиката тоа го чувствува.

Јас сум професионалец и имам многу сериозен пристап кога е во прашање создавање музика. Луѓето на кој им е поважно популарноста и парите од самата музика генерално не успеваат.

Музиката е јавна професија и со самиот успех нормално е да дојдеш до некоја популарност и пари но тие доаѓаат на крај како шлаг на торта. Ама ако нема тортата добра содржина нема ни да дојдеш до шлагот.

-Искрен да бидам немаше особена причина поради која заминав. И во Македонија јас имав пристоен живот.

Веројатно заминав како и пола држава што замина, како што младите си заминаа барајќи си посигурна иднина и остварување на поголеми цели во работата“, изјавил тој во интервју за mojzbordotcom.wordpress.com

А во новото интервју за Слободен печат, Јован открива дека тој всушност се развел од неговата сопруга Николина, со која беа долги години во брак, и открива детали за разводот и за нивниот однос сега.

-Јас и Николина љубовно не сме заедно со години, но добро функционираме како бизнис-партнери.

Едноставно може да се функционира доколку имате разум, знаете да разграничите што се приоритети во животот.

Нормално дека би правел бизнис со неа зашто ѝ верувам, зашто ми е најголема поддршка и најдобар другар. Заедно дојдовме во Канада, ме знае многу добро, а и јас неа.

Ја имаме Малеа и тоа е нешто што ќе нѐ поврзува цел живот. Сѐ што градиме и создаваме, го правиме за неа.

Затоа, разумни луѓе што ја гледаат големата слика на животот, не гледам причина да не се дружат или да не работат заедно само поради тоа што не спијат заедно“, рекол Јованов за Слободен печат.