Naslovna Zivot Изгледа како авион, а вака се храни- Агнеса покажа каков живот живее,...

Изгледа како авион, а вака се храни- Агнеса покажа каков живот живее, сликана со нашиот познат новинар

Нашата позната инфлуенсерка Агнеса Органиџева гостуваше во еден од псоелдните подкасти на јутјуберот Стефан Лазаров насловен „Без лимит“.

Таа на македонската јавност и стана позната по разводот од нејзиниот поранешен сопруг, екс директорот на АЕК – Роберт Ордановски.

Нивното разидување буквално наликуваше на познатите латиноамерикански сапуница, или сега турските серии, со низа заплети и расплети, обвинувања…

Јавни препукување, објавувања интимни СМС пораки, вибер и месинџер преписки, изјави за медиумите… Едноставно имаше се’ и се’што пред двојката конечно да се разиде – секој на своја страна“, објави Вистина.мк неодамна.

Aгнеса учествуваше во изданието на подкастот на Стефан Лазаров, кој заедно со Зоки Фаци во навидум неврзан муабет ја бомбардираа со прашања од приватниот живот.

Агнеса доби прашање што мисли за неверството, дали некогаш била изневерена и дали оправдува машко неверство, а нејзиниот одговор беше:

„Јас оправдувам се’… Никој никому нема право да суди во животот, освен Господ. А дали би простила неверство… Зависи за што!? За се мора да има причина или од едната или од другата страна. Кога ќе ти кликне овде… Ма, се’ е хемија, знаеш“!

„Дали некогаш си била изневерена?“ гласеше прашањето на Лазаров, а Агнеса одговори:

„Сум била, па зошто се разведов. Значи, дечки, сега вака ќе ви кажам. Најубавата и најпосакувана жена, Адријана Лима беше изневерена, така што… мажи“!

Таа во една прилика за Женски магазин раскажа како се негува и како ѝ успева толку топ да изгледа, а нејзината тајна на одржување е ова:

-Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.

Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.

Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин.

– Парфемот за мене е од големо значење, тој е најинтензивниот дел кој мора да асоцира на љубов. Парфемот мора да дава допир на елеганција, детал кој суптилно го привлекува вашиот изглед.

Тој невидлив додаток го пополнува крајниот завршеток на вашата појава. Затоа дами, мажите никогаш нема да се сетат на вашата чанта, ама затоа ќе го паметат вашиот парфем . Елеганцијата без парфем не е возможна.

Го обожувам Tom Ford Tobacco Vanille и Black Orchid, Lancome La Vie Est Belle, Chanel mademoiselle, но место во мојата колекција има и парфемот на Carolina Herrera Good Girl.

Линијата ја одржувам со прескокнување на вечерата, јас никогаш не вечерам, ама затоа утринскиот појадок мора да е јак кој што ме држи до ручекот и тој го јадам во мали количини.

Благо не сакам, а одбегнувам и леб. Секој слободен момент практикувам да сум во природа на прошетка со моите две ќерки Вивиен и Тифани“, рекла Агнеса.

Агнеса иако последниов период намали на тежина, и изгледа одлично, покажа дека ужива во секое залче и супер се храни, и тоа во друштво на нашиот познат новинар.

Сликата ја објавил Зоки Фаци, а Агнеса јаде клуб сендвич што значи дека и покрај тоа што ова не е диетална храна, таа сепак е фит.