Naslovna Zivot Еве што работи Даниел Кајмакоски во Белград- пејачот во досега невидено издание...

Еве што работи Даниел Кајмакоски во Белград- пејачот во досега невидено издание (ФОТО)

Даниел Кајмакоски еден од ретките пејачи кој со својот глас успеа да ја импресионира публиката во Македонија и Балканот, на шоуто Икс фактор кое се одржуваше пред десет години.

Кајмакоски тогаш победи на ова шоу, а има победувано и на „Твоето лице звучи познато“, каде што имитираше доста познати личности од Балканот и од светот.

-Секогаш на прво место ми било пеењето, но во фази кога тоа не ми одело како што треба, не сум седел дома да чекам на подобри денови, не сум бил пасивен.

Секогаш ми било важно нешто да правам и поради тоа многу често сум имал чувство како да живеам два животи.

Навечер настапував во некој клуб во Виена или на некој од големите “Open Air” фестивали, а наутро веќе станував рано за на работа.

Никогаш не сум се срамел од тоа што го работам. Иако себеси сум се гледал како уметник, никогаш не ми било срам или проблем да фатам алат в раце.

Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле они зошто да не можам и јас?

Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства.

Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство. Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси.

Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен.

Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење.

Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев! На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.

-По многу неуспеси во музиката почувствував потреба да се занимавам со нешто комплетно различно од музиката, па така и избрав нешто многу поразлично, како што е градежништвото.

Имав потреба од физичка работа која не е поврзана со уметноста затоа што чувствував дека стагнирам. Имав потреба да го ослободам мојот дух и душа од внатрешен притисок и тоа многу добро ми успеа.

Секојдневно бев опкружен со луѓе кои трудољубиво и дисциплинирано ја работеа својата работа и тоа и мене ме мотивираше да учам.

Заборавив на сè што ме мачело сите претходни години и го најдов својот мир и својата спокојност токму во таа професија.

После тоа, на сосема поинаков начин можев да ѝ се посветам не само на музиката, туку и на животот и начинот на кој го гледам животот и на кој се гледам себеси.

Искуството во градежништвото дефинитивно ми беше многу драгоцено и придонесе за успехот што следуваше понатаму“, рекол за својот животен пат Даниел, во едно интервју за bidizelen.org.

-Со оваа порака сакам на сите да им кажам дека за да го дознаеш својот личен вистински пат мораш да ги совладаш секојдневните предизвици и да дознаеш кој си“, додал тој.

Даниел како што е познато, долги години живее во Србија, и не зборува многу за тоа што работи, а не е многу активен на социјалните мрежи, освен сликите со неговата нова сопруга.

Тој се разведе од макенекенката Кристина Димитријевска и со неа има син, а потоа, на почетокот од оваа година пак се ожени но не го откри идентитетот на новата сопруга.

Сега, новинарката Миланка Рашиќ, била на посета кај Кајмакоски и го гледала како настапува и напишала: Викендов во Белград, блескаво шоу @lafayette.belgrade

Даниел- едноставано најдобар!“, напишала Миланка Рашиќ. Таа исто така објавила слики со Кајмакоски кој всушност во Белград настапува во кабаре-шоу, и на сликите нашиот пејач е во досега невидено издание.