Naslovna Zivot Четири години без Билјана Беличанец- имала голема тага во срцето и ова...

Четири години без Билјана Беличанец- имала голема тага во срцето и ова го зборувала за својот живот пред да замине

Пред четири години, на 6 април во 2019 година, македонската јавност ја потресе веста за трагичното заминување на Билјана Беличанец – Алексиќ. Популарната актерка си го одзеде животот. Имаше 45 години.

Од МВР го потврдија случајот и појаснија дека безж ивотното тело го пронашол нејзиниот сопруг Сашо Миленковски.

„На 06.04.2019г. околу 22.30 часот, во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот.

Во општина Кисела Вода во Скопје, во домот на културата е поставена нова табла и во иднина тој ќе го носи името на актерката и поранешен градоначалник на општината, Билјана Беличанец.

Веста на својот фејсбук профил ја објави актерот Рубенс Муратовски. „Општина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето“, напиша Муратовски на фејсбук.

Овој убав гест кој е направен за познатата актерка, позитивно го поздравија многумина.

Се надевам дека сега си на подобро место… Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого… Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше… Толку многу даде, а уште колку многу остана….

Тешко и за неверување маме“, напиша тогаш актерката Јелена Јованова, а многу познати лчичности се простија од Беличанец.

„Што е тагата без договор на суштествувањето, без одговор на сочувствувањето, без ехо на внатрешениот глас..?

Збогум Актерке со раскошен талент….Почивај во мир…“ – напиша Калиопи. Од неа се прости и Драган Спасов- Дац кој и беше добар пријател: „Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан.

Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.

Замина во Недојдија“, рече Дац а во една прилика тој раскажа случка со неа.

– Мојата омилена партнерка на сцената беше Билјана Беличанец. Безброј пати ми играла сопруга, љубовница, ќерка..

Можеше се да игра, беше бравурозна во секоја улога. Внимаваше на секој детал и дури некогаш знаеше да ме замара со непотребни ситници околу улогата но никогаш не ми беше здодевно со неа.

Другарчина во права смисла на зборот и исклучително храбра и пожртвувана за колегата и пријател. Ќе ви раскажам една случка со неа…

Беше една пролет и јас бев со мојата кола кај Чешма во К. Вода, тогаш се сетив дека заборавив нешто дома и сакав да завртам полукружно.

Како почнав да вртам, (имаше камион кој ни ја попречи видливоста) десната рака ја ставив во внатрешниот дел од воланот и слушнав кочење и удар. Осетив голема болка во раката и веднаш излегов од колата.

Што да видам, Билјана беше возачот што ме удри дирекно во тркалото и воланот по инерција се заврте и ми ја искрши раката. Да се разбереме, јас бев крив во случајот.

Веднаш се собраа сеирџии а јас ја прашав каде тргнала, на проба во театар ми рече. Ме виде дека се виткам од болка но ѝ реков да оди и дека ќе се снајдам сам. Со лева рака возев до Градска каде ми ја ставија раката во гипс.

Колите беа со незначителна штета а јас паузирав од театарот некое време, после продолжив да играм со гипс на раката. А зафрканцијата за нас продолжи долго.

“Кој знае кај сте биле вие двајца и како сте се удриле, од цело Скопје баш вие направивте судар”, напиша Дац.

Во една прилика, Беличанец во интервју со Ана Јовковска зборувала на многу теми за животот, и исто така ја споменала темата за заминувањето во вечноста на овој начин:

– Откако станав мајка инстинктот ми вели дека немам време за падови и за долготрајни екскурзии на дното.

Прво нешто што не учеа на ФДУ е како да ги меморираме лошите работи, лошите емоции, тагата, болката, да ги запамтиме и некаде длабоко во нашето чекмеџе да ги складираме, за кога работиш некоја улога просто да си го отвориш чекмеџето и да си ги повикаш тие емоции.

Затоа можеби неколкупати на несреќата и на тагата свесно сум им фрлала ракавици, или на онаа црна и темна страна на карактерот која сите ја имаме, иако некои се обидуваат да стават розови очила за да имаат поубав поглед.

– Ве плаши ли крајот? Ве плаши ли смртта?“, прашала Јовковска во еден дел, а Беличанец одговорила на ова: „Не.Факултетот по глума многу ми помогна да се запознаам себе си.

Моето верување е дека не треба да плачеме кога човекот умира, ами треба да го исплачеме кога ќе се роди“, рекла нашата позната актерка по која и денес многумина жалат.