Naslovna Zivot Васко Тодоров ја раскажа вистината за К-15, и кои политичари им биле...

Васко Тодоров ја раскажа вистината за К-15, и кои политичари им биле пријатели 20 години

К-15 останаа народни легенди, а скечевите кои Васко Тодоров, Бубо Каров и Бранко Огњановски ги снимаа и денес се прераскажуваат и се гледаат.

Васко Тодоров или познат како Тошо Малерот од К-15 се појави во емисијата Утринска на Телма во една прилика, и со новинарот Горан Петрески зборуваше за многу нешта, а на почетокот на разговорот секако се навратија на познатите К-15.

– Ние тројца тоа што сме го правеле, тие скечеви што сме ги правеле кога ќе ги погледнеш од некој друг агол, не се баш смешни, меѓутоа, тоа е концептот на сатирата, ние сме сатира главно.

Нема тажно време. Сите времиња се смешни и тажни“, рече Васко.

Потоа, новинарот го праша како би направил ретроспектива на времето пред 30 години и сега, тој рече: Се е исто.

Се врти тркалото“, рече Тодоров, а Петрески потоа го потсети на една изјава на К-15 дека шоуто е вишок, бидејќи политичарите им ја земале работатата, во смисол дека е тешко да се направи пародија за она што ни се случува во јавноста.

-Да, ние многу пати сме го кажале тоа. Тоа е баш мала шала, меѓутоа и не е шала. На некои работи е тешко да им се направи пародија.

Пародија да направиш треба да го направиш поглупо од оргигиналот да изглед.а Сме имале пробламе, не сме знаеле како да го направиме пог лупо.

Конкуренција има највише. Затоа и престанавме. Не фати креативна љубомора, љубомора не фати, најискрено“, рече Васко и потоа рече дека и сега постојано му доаѓаат идеи за нов скеч затоа што тој уште пишува.

„Ние сме во комуникација со Бранко и со Бубо. Тоа ни е цело време работа. Цело време пишуваме, само кога ќе се створат услови ќе снимаме. Имаме во план, има идеи. Како немаме, за хумор и сатира секогаш има“, рече Васко.

– Има една книга овде, таа е напишана одамна, ја издадов у сред карантинот кога почна, и е најпродавана книга.

Таа ми повлече и други работи. Со тоа се занимава, со пишување, со творење, тоа ни е работа. Секој ден е различен. Јас не работам нигде од 9 до 4.

Се бавам поконкретно со други работи, со екпресионизам. Овој збор многу ти се допаѓа. Експресионизам и импресионизам“, рече Васко и раскажа дека е професионален нуркач кој е сега во пензија.

– Јас сум професионален нуркач, бев, многу години го работев тоа. Кога ќе ме прашаа: зошто нуркаш, јас викам: Дечки, прво доле, сите ќутат под вода, нели маска, никој не досаѓа.

Второ вика, нема гравитација. Кога ќе поднаучиш ништо, нема ни горе ни доле, баш е бестежинска состојба и викам трето, многу добри риби има.

Се пензионирав од таа работа. Се изнагледав риби и едно време рибите под вода почнаа да ме избегаваат, си викаат: Па ли овој, аман овој, до тука више, со цревото“, рече Васко.

Васко Тодоров сега гостуваше во емисијата Г карпет со Миро Кацаров чии водителки сега се менуваат откако со замина Ведрана Ѓорѓевиќ.

Зборуваше за мнгу теми, но секако најмногу за К-15 и раскажа како навистина функционирале тој, Бубо Каров и Бранко Огњановски и зошто К-15 веќе не се снима.

– К 15 постоеше 20 години. Луѓето не прашуваат зошто пак не снимате. Види, ние сме живи и здрави, додуша повеќе сме живи отколку здрави.

Какви има, не сме за фрлање. Ние снимавме 20 години играна серија. 20 години во светски рамки е сериозен период, за играна серија од било каков тип.

20 години да трае. Не во македонски рамки, во светски рамки е тоа. Тоа траеше. Се си има почеток и крај“, објасни Тодоров велејќи дека доволно снимале тие 20 години.

Го прашаа и дали политичарите се лутеле за скечевите во кои многумина од нив беа спомнати или имитирани, а на ова тој рече:

-Не знам дали се лутеле. Ние додека снимавме 20 години, по два пати се сменија и едните и другите. Ние и ден-денес имаме пријатели од сите политички партии“, изјави Васко Тодоров.