Naslovna Zivot Синот на Амди Бајрам ќе стане дедо- еве што кажа тој за...

Синот на Амди Бајрам ќе стане дедо- еве што кажа тој за своето богатство

Габриел Бајрам, наследникот на Амди Бајрам, во една прилика на својот профил на социјалните мрежи напиша:

„Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина, Денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога си се родил пред 20 години.

Отсекогаш го имаше карактерот и храброста на тато, Те израснавме со љубов но и со грижа да не ти се случи нешто.

Знаеш дека твојата желба за нас, отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба. Сине наш, знаеме што сонуваш и знам што отсекогаш си посакал.

За тебе, тато се ќе даде па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето…. но сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи било што, сакам да те заштитам.

За овој 20-ти роденден, ти купив две подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов а вториот е со услов.

Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега! Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе а сведок сакаме да е Аллaх.

Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете… Сине се пла шам за тебе.. премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто…

Нема да возиш повеќе од 150 на час. Ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење. Ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг. Ќе го почитуваш дадениот збор.

Сега ти бираш, или подарок без услов, или подарок со услов. Клучевите се твои, изборот е твој.“

На социјалните мрежи се разви дебата за сумата која ја издвоил Бајрам за пошето кое му го купил на синот. Но Бајрам за Фокус потоа објасни дека не му купил кола.

Секој може да згреши, еве тоа им не се случи на многу новинари од познати медиуми, кои побрзаа да објават вест, без да проверат за што се работи.

На син ми Валентин за 20-от роденден му купив моторче, а не скап автомобил Порше, како што објавија.

Ако тој на социјалните мрежи има фотографија покрај Порше, не значи дека тоа е подарокот, но ете, избрзале и се ,,лизнале” – за ,,Фокус” раскажува Габриел Бајрам.

Тој појаснува дека објавил честитка за роденденот на синот во која му пишува да не го вози роденденскиот подарок побргу од 150 километри на час, бидејќи се грижи за неговата безбедност, а многумина поради насловната фотографија на Валентин, каде тој стои до скапиот автомобил, си протолкувале дека тоа е подарокот.

Советникот на Град Скопје, Габриел Бајрам, сега по вторпат ќе стане дедо“, објави Фокус.

Радосната вест тој ја објави на социјалните мрежи, појаснувајќи дека многу го усреќила веста дека неговиот син Валентин и снаата Деби чекаат ќерка.

-Во изминатиот период научив една важна работа. Богатството, на еден човек не се мери во пари, а тоа не може ниту да се стави во кантар.

Човек е богат само ако е среќен, живее во хармонија и радост. Станав дедо, се роди Лаура, нека е жива и здрава. Таа среќа и тоа чуство се зголемува во мене, од ден на ден.

Дознавме дека, од мојот син и снаа, Валентин и Деби, ќе имаме внука. Нека им е среќна и бериќетна ќеркичката на моите најмили. Нека се роди во хармонија и да расне и порасне“, напишал Бајрам.

Тој веќе ја има внуката Лара, која ја доби од ќерката Перјан во 2021 година.

И за неа често раскажува како му го променила животот, му донела огромна среќа и му била мотивација да оди напред“, стои во текстot на Фокус.