Naslovna Zivot Oткако Игор изјави дека уште чува нејзина слика на ѕид, се огласи...

Oткако Игор изјави дека уште чува нејзина слика на ѕид, се огласи Илина и кажа: Љубовта нема „истечен рок“

Нашата позната алпинискта и уметник Илина Арсова е сега на доусовршување, всушност на докторски студии во Америка, на универзитет во Тенеси. Илина

е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седумте врвови“.

Таа ова го постигна искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.

Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот..

-Во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.

Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација“, рече Илина во eдно интервју за Слободен печат и додаде:

-Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним за „пријатно“. Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.

Сепак ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот, а и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, кои всушност ги има многу.

Апсолутно дека не е сѐ освоено и не може да се освои. Мојата филозофија е дека човек не може да освои планина туку планината да му дозволи да стапне, или не на нејзиниот врв.

Исто така станува збор за различни спортови и различнни предизвици кои јас ги практикувам како планинарење на големи височини, искачување карпи, алпинизам, ски и слично. Секоја дисциплина си има свој предизвик“, рекла таа.

Откога Илина замина на докторски студии, таа и Игор имаа врска на далечина, но потоа Игор се огласи дека се разделиле.

За своите студии во Америка, раскажала во Женски Магазин: „Овде сум веќе четири месеци и зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години.

Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полу-работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.

Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас. Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак, бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.

Инаку јас сум докторанд на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.

Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.

– Убавините на Македонија секојдневно им ги претставувам и на колегите и на студентите. Некои од нив веќе сакаат да дојдат во посета.

Повеќето од нив не беа многу запознаени со Балканот, што воопшто не ме изненади знаејќи дека нивната географија е најмногу фокусирана на САД и Канада, додека пак патувањето надвор не им е јака страна.

Имам пријатели со кои се дружам, сепак незаменливи се пријателите од дома, оние со кои си растел и пораснал, пријателите од основно, средно или факултет, од кои многумина се исто така некаде по светот.

Со нив останува виртуелната врска, а во однос на дружбите во живо, навистина ми недостасува социјалниот живот од Македонија.

Сепак, морам да кажам дека некои пријателства овде навистина ми помогнаа да се прилагодам, и нивната секојдневна грижа ме прави да се чувствувам дека имам закрила и постојана поддршка, рекла Илина.

Игор дал интервју за Бекстејџ и во кратката најава, Бекстејџ најавија дека Игор рекол нешто многу љубовно и емотивно за Илина, што укажува на тоа дека уште многу ја сака.

-Не го сметам ова за свој пораз, едноставно ова мораше да се случи. Едноставно човек се навикнува на сѐ.

Сега после оваа свирка ќе си дојдам дома, нејзината слика ми е на ѕидот во дневната, нејзините книги ми се во шкафчето, нејзината постелнина што ми ја купила, на неа спијам, рече Игор во ова интервју.

Илина, во истиот ден објави стори на Инстаграм каде што е седната на тревата и кажува дека многу ѝ се допаѓа што во Америка има исти цвеќиња како дома, во Македонија, што значи дека алпинистката ја фатило малку носталгија.

Потоа, Илина објави слика на Инстаграм каде проговори за љубовта, а оваа порака можно е да му ја упатува на Игор. На сликата таа напишала:

-Љубовта нема истечен рок… Би сакала ова да го знаев пред 10 години.