Љупчо Бубе Петрушевски е еден од нашите најпознати физери познат како Бубе- Стдуио Ин, кој немал воопшто лесен животен пат.
Првиот „шамар“ од животот Бубе го добива на 13 години кога починува неговата мајка. И наместо да „тресне“ на земја од силниот удар, тој истовремено се запишува во средно училиште, но и започнува да „чиракува“ во тогаш најпознатите фризерски салони.
Желбата кон фризерската уметност ја добива од тетката, која ја гледал како „по дома“ вешто ги средува роднините и пријателите.
Бидејќи учел средно стручно училиште за кое немал интерес – ЕТУЦ, секој момент пред или по часовите го користел да го усовршува фризерскиот занает.
За него, секој потег на мајсторите од кои учел, бил воодушевувачки, се воодушевувал и на фризерските „хауби“, објави Слободен печат во една прилика.
15 мај 2016 година, Бубе го добива вториот „шамар“ од животот, овој пат, многу посилен од претходниот.
– Преголем стрес, салон кој во тоа време го отворив заедно со партнер, опслужување на голем број редовно закажани, но и блиски кои бараа да бидат услужени ден за ден, кратење од времето за паузи или јадење, доцни снимања на спотови и слично, си го земаат данокот, раскажува тој.
Доживува мозочен удар кој како последица му ја остава парализирана целата лева страна од телото.
И ова за него не претставувало најголемиот проблем, туку тоа како да им соопшти на закажаните клиенти, дека нема да биде во можност да ги опслужи, а во тоа време многу невести имале закажано.
Среќа во несрќа е што салонот Бубе Ин, не се затвори никогаш. За подобрување на состојбата, тој применува секакви начини на лекување, бањи, физикални терапии и слично, а најважно е дека навистина постои големо подобрување од првичната состојба.
Сега, тој е со многу подобро здравје и повторно им се врати на работните обврски, а на Фејсбук, напишал статус во кој точно го раскажува животот на фризерите со клиентите.
-Точно? Еден клиент ме праша колку чини да се направи елегантна фризура и шишање… Јас одговорив: 500мкд Таа рече:
Толку скапо?
Прашав: Што мислите, колку би ве чинело? Таа ми одговара: Најмногу… 300мкд Тоа е прилично едноставна работа, нели?! ”
– За 300мкд ви предлагам да го направите сами!
„Но… не знам како“. – За 700мкд ќе те научам како. Така, освен што ќе заштедите пари, ќе стекнете и знаење за во иднина.
– Се чинеше правилно и таа се согласи!. Но, за почеток: потребни ви се алатките: ножици, чешел, машинка за коса итн.
„Но, јас ја немам сета оваа опрема и не можам да ја купам целата за една работа. Па, за уште 300мкд ќе ти ѓи изнајмувам работи, за да можеш да си направиш.
„Во ред“, вели таа… Добро! Ве чекам да почнете да ја правите во вторник… „Но, не можам во Вторник, имам време само денес.
„Извинете, но јас сум достапен само во Вторник да ве научам и да ви ги позајмам моите работи. Другите денови сум зафатен со други клиенти.
– Добро! Тоа значи дека ќе треба да се жртвувам во Вторник, да се откажам од своите задачи. О, не! … Но, за да ги остварам овие задачи, ќе потрошам повеќе пари и ќе губам многу време!
Можеш ли да го направиш тоа!?Добро! „Ќе ти ја направам сета услуга што ти треба. Во суштина јас работам САМО во понеделник и во вторник наутро во 6 треба да дојдете и да стигнете на работа!
Не заборавајте да бидете на време за да избегнете сообраќајни метежи.- Во 6??? Не! Прерано е за мене! Порано се будев подоцна а сега во 6?
– Знаеш, си помислив. Подобро да си ја завршиш работата! Би сакала да ти платам 1000мкд сега… Кога би морала сама да го направам тоа, нема да биде совршено и би ме чинело многу повеќе…
Кога плаќате за работа, плаќате не само за користениот материјал, туку и за: Знаење, Искуство, Студија, Алатки, Услуги. Време на поаѓање.
Точност, Одговорност, Професионализам, Точност, Гарантирај дека се ќе биде во ред, Безбедност и безбедност, Плаќање на даночни обврски.
Печатач, Интернет итн …. Никој не може да ја оцрни работата на другите судејќи ги цените..“, напишал Љупчо Бубе Петрушевски на Фејсбук.